Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1322687 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Погледнете ја разликата меѓу летни и зимски гуми!
« Одговори #30 на: 20 Декември 2010, 23:02:47 pm »
Сепак постои добра причина зошто производителите на автомобили препорачуваат да се користат зимски гуми кога температурата е под 7 C.
 
Летните гуми на температури под 7 C ја губат својата еластичност, со што стануваат опасни за возење па дури и кога патот е сув. Проблемот е многу поизразен на снег, каде тенкиот профил на летните гуми има голема тешкотија да го исфрли снегот, па во тој случај ниту погонот на четири тркала нема да помогне.

BMW со промотивното видео на двете X3-ки ја покажа разликата меѓу летните и зимските гуми. Двата автомобила се идентични. Разликата е што едниот има летни гуми,а другиот зимски. Сите што размислуваа дека разликата меѓу овие гуми е минорна и дека не вреди да се менуваат гуми (за да се заштеди, бидејќи се скапи), после ова видео дефинитивно би го промениле мислењето.
Not a valid youtube URL

http://tocka.com.mk/index7.php?ID=27209

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #31 на: 21 Декември 2010, 01:07:53 am »
Разликата се осеќа на најобична кола, кога малце ќе заврне снег во град. И тоа и тогаш драстична е разликата. А да не правиме муабет во малце по екстремни услови, на отворен пат итн. итн.

Мислам дека денес на повеќето возачи им е јасна разликата и потребата за зимски гуми... Еден дел што ги немаат немаат доволно средства, другиот дел мислат дека не им се потребни и третите ги заболе за кола, гуми и слично :D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #32 на: 21 Декември 2010, 07:20:22 am »
Убаво е да се види EVO во снег :)


Отсутен borche

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #33 на: 06 Јануари 2011, 19:18:34 pm »
Ovaa zima staviv prv pat zimski gumi i po dosta istrazuvanje kupiv sava eskimo S3 i mozam da kazam deka se dosta dobri, veke pominav 4000 km od noemvri do sega , gi imam vozeno i agresivno na otvoren pat (po krivini) i koga bi napravil razlika so Bridgestone Turanza (bidejki tie mi se letniot izbor) mozam da kazam deka i zimskite se dosta dobri. normalno malku poslabi ama ne e tolkava drasticna razlika kako sto zborat. U stil ne drzat ic  zimskite gumi na suvo, ni na mokro. Uste ednas ke kazam ima razlika no taa ne e tolku golema. I vo sekoj slucaj za zimno vreme im preporacuvam na site zimski gumi. Koga padna sneg pred 2-3 nedeli strasno golema bese razlikata so zimskite gumi.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #34 на: 06 Јануари 2011, 19:25:41 pm »
Зимските гуми си го праат своето.. И јас возев Бриџстон Туранца као летни, и на снег/лед беа комедија.. Сеа иам најефтини Тигар Винтера, и разликата е монументална на снег и лед..

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1310
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #35 на: 08 Јануари 2011, 09:05:11 am »
Јас од зимкси гуми сум имал: Dunlop, Semeperit, Nokian, Hankook i можам да ти кажам дека имаат исти перформанси на снег, сите се неспособни на мраз (нула тракција на мраз) и повеќето се лоши за на асфалт и вода. Мислам дека Nokian нуди најдобар однос вложено/добиено, најевтини беа, најмалку ми се трошеа.

Пробај Conti TS 830, best buy на ADAC се 2 години. Од извиканите брендови, го држат првото место.
Инаку Wintera  на Тигар е кадекаде подобра солуција од Сава.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #36 на: 10 Јануари 2011, 21:00:52 pm »
Зимските гуми си го праат своето.. И јас возев Бриџстон Туранца као летни, и на снег/лед беа комедија.. Сеа иам најефтини Тигар Винтера, и разликата е монументална на снег и лед..

на мраз(лед што велиш) зимските гуми се беспомошни ;)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #37 на: 10 Јануари 2011, 21:09:48 pm »
На мраз сите гуми се беспомошни. Ама при тргнување на мраз, полесно ќе тргнам со зимска гума него со летна. За на снег да не правиме муабет.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #38 на: 11 Јануари 2011, 07:51:07 am »
А летните гуми ли се помошни на мраз?

Еве од моето свежо искуство при промена на гумите на Аурисот. Пред да му монтирам зимски Сава Ескимо, имаше летни Бриџстоун Потенца. Со летните при лагано стартување гумите шлајфуваа и имав чувство дека колата се поместува од правата линија на движење иако воланот ми беше скроз исправен. При возење кога ќе дадев гас, гумите повторно шлајфуваа. А кога кочев, кочењето и покрај АБС беше пропратено со пролизгување па си држев добра дистнца од возилата пред мене.

Кога ги сменив летните гуми со зимски, наеднаш сите тие симптоми исчезнаа. Како да го снема мразот, како асфалтот да не беше подмрзнат и како да немаше снег. При истото темпо на возење стартувањето беше без пролизгување, во вожње исчезна пролизгувањето кога ќе нагазев, колата делуваше многу постабилно, а кочењето беше неспоредливо посигурно. Разлика како ден и ноќ.

Затоа сите убедувања дека за мраз нема разлика дали гумата е зимска или летна ќе ги сватам како празни(непоткрепени со факти и аргументи) зборови на луѓе кои никогаш не возеле со зимски гуми на мраз или пак како некоја утеха на оние кои неможат да си дозволат да возат два пара (летни/зимски) гуми.
« Последно менување: 11 Јануари 2011, 07:54:07 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #39 на: 11 Јануари 2011, 08:40:52 am »
Се тоа си е во ред. Само велам дека на чист мраз, зимските гуми се целосно безпомошни. Немаш никаква контрола, мене колата ми направи пируета при 10 кмх.
За мраз помагаат само ланци.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #40 на: 11 Јануари 2011, 09:18:12 am »
1) За чист мраз има голема разлика меѓу летни и зимски гуми. Секако дека неможеш да возиш по чист мраз, но подобро е да имаш зимски одошто летни гуми
2) Предпоставувам дека не знаеш што е пируета, бидејќи тоа значи дека колата ти се стумбала за минимум 360 степени
3) Ни ланци нема да ти помогнат за чист(стакло) мраз.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #41 на: 11 Јануари 2011, 10:09:36 am »
1. Никогаш не реков дека е подобро да имаш летни гуми, јас повеќе од деценија ги опремувам возилата со зимски гуми, секогаш имам 2 сета на гуми.
2. Пируета не значи да се истумбаш, туку да се изоротираш околу својата оска. Вози на дебел мраз со повеке од 3 кмх и пробај да завртиш на воланот, токму тоа ќе ти се случи
3. ланците би требало да го искршат мразот, сепак ова не ми е пробано, не сум љубител на ланци.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #42 на: 11 Јануари 2011, 10:24:28 am »
1) ОК, јас те сватив дека имплицираш дека сеедно е какви гуми ќе користиш на мраз.
2) Пируета значи ротација околу оската на должина. А тоа кај автомибилите значи да се истумба.
3) Ланците нема да го искршат мразот бидејќи е компактен без шуплини и прилепен за асфалтот. Можеби ќе го напукнат, но и со тоа и без тоа на стакло мраз нема да имаш контрола за да можеш да возиш спокојно.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #43 на: 11 Јануари 2011, 10:53:19 am »
Се закачивме за пируетата :)
Toa e термин стриктно резервиран за балет/уметничко лизгање. Синоними на овој збор се spin, revolve. To spin, мислам дека во целост го изразува значењето на оној термин кога зборуваме за автомобили.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #44 на: 12 Јануари 2011, 00:10:06 am »
А да не возите на мраз?

Зимските гуми не треба да се сватат како кружна, гумена изведба на Господ, па да се уживка на снег, мраз, итн итн... Зимските гуми се помошно средство, за полесно сообраќање во зимски услови. Толку. И нормално дека е подобро (Zerosignal го кажа ова пред некое време), да ја имаш макар и најлошата зимска гума во зима, него ли најдобрата летна.

А за ланци, ни ја не сум љубител... Мада лани живот ми спасија на Стража :) Слој мраз, врз тоа, слој снег, -10 степена и ветер... И уште поише, најлошата можна гума што некад се појавила на Земјава т.е. Dunlop SP (ахем) "Sport" 2050m (фабричка гума кај Лансер, и понекоја Мазда)... Комбинација снова... И уште со батеријата закачена онака рударски, учевме како се ставаат ланци :D Гуд тајмс :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.