1. Никој не вика дека е подобро задните да ти бидат зимски, сите викаат дека треба 4 зимски. Неколку пати е цитиран и правилник за зимска опрема.
Ме мрзи да барам цитати, а и нема врска.
Цитиран е правилник да, и фино си пишува и колкава да е длабочина на шара и то.
2. Никј не вика дека позади МОРА да ти бидат нови гумите, но кога имаш драстично различни гуми (не си ги ротирал), па менуваш еден пар со НОВИ, тогаш тие треба да одат позади ОД БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ (сеуште чекам релевантен текст - извор, дека ова не е така)
Значи предните ке ти бидат дефакто стари кои ке бидат подложни на 80% поголемо оптоварување, 80% поголема тежина, а згора на тоа и со 80% намалени перформанси заради стареење на материјалот. Кој само релевантен текс го очекуваш да го прочиташ, не си ми јасен?
3. Гумите се ротираат пред да бидат предните со 50% шара од оние позади. Многу пред. Правилото е на 7-10.000км да се ротираат. Ако колата за 10.000 км ти изеде 70% од шарата на предните, и 20% од шарата на задните - секоја чест.
Не реков да ти се излижат за 10к км 70% него за вкупен век на користење од на пример 5 години тие ке бидат излижани 70% повеќе од задните.
4. Ако предните гуми после 10.000км ти се 20% повеќе излижани од задните - ротирај ги на 5.000км.
Зошто да ги ротирам ако позади треба да возам посигурни и постабилни гуми со поголема шара??? Која логика за ротирање...Па 10 страни наназад го тврдите спротивното. Дека гумата со подобра шара оди позади, а сега да ги ротирам за да ја ставам подобрата шара напред

5. Истрошена гума нема ниту еден разлог повеќе да ПУКНЕ од нова гума (неколку пати го спомнуваш ова). Стара гума може да има структурни оштетувања, но тоа е друг муабет, нема врска со истрошеноста.
Под истрошена гума подразбирам стара гума користена во нормални услови, значи 6 години.
Не екстремни...Бидејќи на службено возило годишно се поминуваат и по 80к километри, а таа е истрошена. За тие 80к км е 8 пати повеќе оптеретувана, и изложена на секакви деформации, па така да може слободно да се каже дека е и оштетена. А дека постои и стара гума која не е истрошена, постои...
Незнам зошто пак ги врзувате погрешно работите.
Едноставно или е гумата извозена-истрошена или е стара. Двете се потенцијално неупотребливи, муабетот се сведува на исто...
Еве како се понашаат на температури од 6-7 степени зимски вс летни на влажно.
Сакав да видам на суво....Мокро е друга приказна...Ова видео у скандинавија нека го гледаат...Ние тука за наши услови сакаме да видиме на суво и на температура од 6 - 7 степени...
Тоа сакав да го видам...Мокро, снег итн не ме занима...
АБС е задолжителна опрема во секое новопродадено возило во европска унија, ми се чини уште од 2010.
Добро е да е така. Какви шофери има, ја би направил наместо воздушни завеси и јастуци да се обмотува колата у пур пена за да не се случуваат несакани последици...
И тоа аутомацки...