Секој кој возел точак, го знае ефектот на подигање на задното тркало во воздух кога кочи со предна кочница. Во таа ситуација тотално се изгубило прилепувањето на задното тркало врз подлогата, и целата тежина е врз предното тркало. Баш во таа ситуација, целиот рам од точакот може да го изротираме околу предното тркало, или да го шетаме лево-десно со помош на педалите - гиданот од точакот воопшто нема да ни` помогне да го контролираме рамот и задното тркало.
Со нашето возило кое би имало идеален грип со гуми кои тешко пролизгуваат поставени напред ќе се случи истото. Задниот дел ќе се подигне, задните гуми ќе имаат толку мал контакт со подлогата а каросеријата ќе лебди (hovering?) врз предните гуми.
Ќе го поставам овој систем во друга ситуација, од праволиниско движење ќе почнеме да се движиме кружно налево. Притоа ќе ги закочам предните гуми.Задниот дел ќе се подигне, задните гуми ќе имаат премал контакт со подлогата и поради дејството на центрипеталната сила и намаленото прислонување на задните тркала, каросеријата ќе почне неконтролирано да лизга со левата задна страна преку предните тркала.Овој тип на оверстир е различен од оној што се јавува кај коли со заден погон, при давање гас во кривина. Овој тип на оверстир е многу понезгоден за контролирање, затоа што едноставно задните тркала немаат (доволен) контакт со површината и тоа не може лесно да го надокнадиме.
Постојат само два начини на кој што може ова да го надокнадиме: да имаме гуми со подобар грип, кои ќе ни овозможат со таа малку тежина која останала при кочење на задниот дел да имаме добра тракција, или премесување на центарот на тежината што поназад во возилото. Да се вратам на примерот со точакот, кога сакаш да кочиш со предна кочница да не ти се крене задното тркало, се преместуваш со телото позади седиштето. Е, бидејќи кај нормален автомобил тоа не е лесно изводливо, освен со две вреќи цемент во гепек, ни` останува само подобрување на контактот помеѓу подлогата и задните гуми.
Сите се согласуваме дека како се трошат гумите нивниот контакт (грип) со подлогата слабее и се поподложни на аквапланинг и пролизгување.Но исто така треба да знаеме дека тежината врз гумите го ПОДОБРУВА конактот на гумата со подлогата. Сетете се само зошто при драгрејс се во предност колите со заден погон. Затоа што тежината се префрла врз погонските тркала на тргнување и тие остваруваат подобар контакт со подлогата и повеќе моторна снага може да пренесат на асфалтот. Обратната логика важи при кочење. Тежината се префрла напред и предните гуми остваруваат подобар контакт со површината.
Спрема горе кажаново, ако имаме пар стари и пар нови гуми, и старите гуми ги ставам позади а новите напред, сум направил при кочење да имам ултрадобар грип на предните тркала, а ултралош грип на задните тркала.
Со оглед на тоа што немаме директна контрола врз задните тркала, поготово кај возила со преден погон, ова воопшто не е лесна ситуација за контрола на возилото, дури и за поискусни возачи.Затоа сакам(е) што е можно подобра тракција позади и што повеќе грип.
За разлика од задните тркала, за предните имаме повеќе средства за манипулација. Педал за гас, педал за кочница и секако-волан. Ако поради лошите предни гуми колата почне да оди во андерстир при акцелерација, со едноставно отпуштање на педалот за гас можам да ја исконтролирам ситуацијата. Исто така при кочење или влегување пооштро во кривина, со притискање на педалата за гас и подисправување на воланот, лесно можам да ја вратам контролата врз предните тркала. Сето тоа е далеку помалку изненадувачки отколку „бегање“ на задниот дел на возилото.
Еве неколку референци кои може да ги прифатите или не, но сепак погледнете ги:
http://www.tirerack.com/tires/tiretech/techpage.jsp?techid=52http://www.popularmechanics.com/cars/how-to/4243992http://www.tireindustry.org/default.aspx?id=976&LangType=1033 (тука пишува и зошто не може зимски гуми само напред)
http://www.michelinman.com/mediabin/Approved/Michelin/Visuals/Digital/Two_Tire_Poster_Michelin_042009.pdf (поздрав од Michelin)
http://www.theaa.com/motoring_advice/safety/car-tyres.htmlhttp://www.firestonecompleteautocare.com/tires/mounting.jsp (поздрав од Firestone)
http://www.sciencedaily.com/videos/2008/1102-two_new_tires__safety_on_a_budget.htm (со видео)
http://www.conti-online.com/generator/www/uk/en/continental/tyres_for_life/themes/tyre-information/replacing-tyres-en.html (поздрав од Continental)
http://www.goodyear.com/email/faq/care.html#q9 (поздрав од Goodyear)
Се надевам дека некој барем ќе го смени мислењето и ќе ги послуша советите од РЕЛЕВАНТНИТЕ извори по повод ова прашање. Баталете ме мене и ФилипВ и СалеСК и слични. „јаки фраери сме сите“.
Само прочитајте ги горенаведените референци и оценете ја нивната валидност. И јас тука ќе престанам да дискутирам на оваа тема, пошто понатаму е само инаетење и ништо друго. Нити SaleSK нити некој друг покажа валидни докази и објаснувања од полето на физиката, нити видовме еден релевантен извор кој кажува дека новите гуми одат на предна оска.