Зашто Голф 7 кај нас се продава со Ханкук Вентус Прајм гуми, а во Германија со Континентал?
Зашто Мерцедес А, Б, Ц класа кај нас се продава со Мишелин Пилот Спорт, а во Германија со Пирели?
Каков ОЕМ, какви тестови, какви бакрачи бре.
Си ги делат пазарите според куповна моќ и според продажбен таргет. Таму каде што пазарот е утепан и немаат многу маржа, ќе турат Ханкук, таму каде што ќе продадат многу возила шибаат Мишелин. Просто како грав.
Ако производителот тестира возило кое што ќе има оптимални перформанси само на еден тип на пневматик, тогаш или производителот има глупи инжењери или купувачите се овци кој што ги стрижат.
Ист пневматик различно се однесува на различна подлога, температура, УВ зрачење, оптоварување од товар во возило, складирање на пневматик во продавница (магацин), транспорт од фабрика до возило....
"Теорија на движење на моторни возила" е цела наука, која што директно е врзана со коефициент на триење на пневматик со подлога и едноставна физика. Таму точно се знае кој параметри се потребни како влезни, за да извадиш математика, дали возилото ќе "држи" или ќе "фрла" по кривини. Интересна е книгата, Драги Данев ја има напишано (освен ако нема реиздание со нов автор од 2005 па до денес), кој го интересираат пресметки за однесување на возило по разни површини, подлоги, оптоварувања нека си ја земе и нека си читне убаво лектирче.
што се однесува до БМВ, бајерише моторен верке имаш само во Дојчланд и Австрија, и сега склучија договор за изградба на најмодерен бмв верк во Дебрецен Унгарија за електро и хибридни возила, али тек се гради.
значи финалниот производ како таков искача негде во германија или австрија и се транспортира до Мк.
истото е со моторите кој се произведуваат на пр во штајер австрија таму не се делат на региони него по модели.
што се однесува до гумите оем , не е само еден бренд има повеќе мишелин,континентал, пирели, гудјр, данлоп и бриџстон.
така да нема врска тоа со пазарот, него со производствените линиии и термини...плус на тој начин се минимира ризикот. иначе кога ќе видиш горе доле тие премиум брендови на гуми се одприлика тука слични цените.
иначе источна европа учествува со минимален број на возила во европа одприлика до 15 проценти кај бмв, така да и не се исплати да се прават некакви посебни линии и исклучоци... значи ако купиш бмв гарантирано е мејд ин џермани или мејд ин острија.гумите се лотарија шо ќе ти ги бапнат, зависи кој им донел роба таа недела.
обично тоа иде џаст ин тајм деливери, ретко се купува на лагер ..него доаѓа шлепер се истовара се вградува, на тој начин се заштедуваат трошоци за магацини и се штеди на администрација. тоа е и еден од предусловите ако сакаш да бидеш оем лиферант на пр. да имаш џаст ин тајм деливери системи кои се поврзани со производителот.
“Ако производителот тестира возило кое што ќе има оптимални перформанси само на еден тип на пневматик„
тука би модифицирал малку, бмв иде кај конти и му вика слушај сеа батка воа гумиве твои се топ НО, дај скрати малку на дожд, скрати на комфорт, бапни на грип на суво и макс. брзина, не мора да бидат најтивки и онака на 220 моторот реже... и глеј ко ќе тестираме тројкава продив Ц класа да имам увек топ спид па макар и за 5км у тестови. еве ти капар 200к парчиња али првин дај да видиме тестови дал можете тоа да средите па ако се е ко шо треба прајме бизнис.
мерцедес иде кај конти и вика: батка гумиве топ, лепота НО, тоа грип на суво и макс брзина остај им го на дечките на бмв нек се акаат по автопати ко луди, ќе глеаш гумиве да спијат и по дупки и по све да има комфорт јајцата да не се тресат, да се тивки да не се слушаат , нашиве муштерии возат 140макс на автопат во 6та, се се тоа пензионери или корпоративни работници не им се брза и то...
ауди: добар ден, видете вака ние пошо не можеме да се одлучиме помеѓу грип на суво комфорт долготрајност итн... пошо усвари не знаме што нашиве муштерии сакаат , ќе ги направиш неутрални гумите ,нит да се најдобри на суво нит да се најкомфорни нит да се слаби на дожд така сегде добри ама нигде најдобри... значи ко ќе донесеш сведителство се 4ки ниедна петка нит во физичко или музичко... нешо така одприлика.
така да конти седнува и прави посебни модификации на неговите производи и после нуди еден до два модела кои би одела во предвид.
тоа би било на кратко... да не должиме многу.