Денес подигнав 4 зимски гуми и ми ги монтираа.
1. Нарачав од
https://www.internet-prodaja-guma.com - плаќање при подигнување - за адреса ја ставив адресата на BEX Врање
2. Добив тракинг бројче од курирската BEX
3. После 3-4 дена се јавив во централата на BEX да видам до каде е пратката - на тракингот пишуваше каде и кога е преврземена пратката од BEX, но не и каде е во моментот и дали е спремна за подигнување
4. Во испоставата (магацинот) на BEX во Врање прво ги прегледав гумите (DOT 3121) и потоа ги платив (примаат и евра).
5. Во вулканизер ми ги монтираа гумите, старите му ги оставив.
Цените од српските продавници за истиве гуми (4 парчиња) - Michelin Pilot Alpin 5 беа:
1. Фока аутосервис Ниш - 839 еур
2. Кемоимпекс Ниш - 849 еур
3. Internet-prodaja-guma 757 еур
Во продавница во Солун за истиве гуми ми дадоа цена од 800 еур, но требаше да се чека до 24/12/2021.
На гумите имаше декларација од Делмакс Стара Пазова - таму биле подигнати, сајтов Internet-prodaja-guma е само препродавач.