Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1299756 пати)

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6795
  • French diamond
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8760 на: 15 Декември 2021, 16:14:29 pm »
Многу пари бе некако, ај да почекаме одговор која димензија се.

Јас си зедов Verdestein Vintrac Pro XL, иста цена беа со Continental TS 860, меѓутоа Вердестеин беа во топ 3 на тестовите, пред Конти.
За на снег незнам уште ги немам пробано, ама се супер тивки и удобни.

Отсутен Panda993

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8761 на: 16 Декември 2021, 19:43:44 pm »
@loopz

Дојде денот да се пофалам и јас...конечно стигнаа гумите.
GoodYear Ultragrip Performance + SUV - ептен тазе DOT 47/21. За малку ќе се изгорев при подугањето на гумите :P уште беа врели.

Ке споделам искуство....ама прво да се тестираат Шапка,Маврово па ке видиме. ;D :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8762 на: 16 Декември 2021, 22:27:33 pm »
за сув пецилајни се?
или некоја друга ознака е ?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8594
  • Малерозен дрводарец
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8763 на: 16 Декември 2021, 23:09:21 pm »
Честито, златан. @Panda993
На таа дименција не ти викаме да частиш, не се секирај. :)
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Panda993

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8764 на: 16 Декември 2021, 23:43:20 pm »
за сув пецилајни се?
или некоја друга ознака е ?
Да за SUV се. Точно како што пишува.

Отсутен Panda993

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8765 на: 16 Декември 2021, 23:44:48 pm »
Честито, златан. @Panda993
На таа дименција не ти викаме да частиш, не се секирај. :)
Хаххаја нема проблем частам....
Не барајте частење на пролет кога ќе треба за 19" да купам гуми.... од сега паника ме фаќа. 17.500 ден една гума.....RIP😅

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8594
  • Малерозен дрводарец
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8766 на: 16 Декември 2021, 23:59:14 pm »
Четири јаки плати...
Ако те прочита шефот ќе рипне од Муртино директно врз тебе врз глава :)))
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8767 на: 17 Декември 2021, 00:02:22 am »
Го прашав @smole за димензии, не добив одговор. Нејсе, направив споредба за мене.

205/55 R16, Continental WinterContact TS870 91H.

kupigumi.mk - 5890 денари без попуст - 95 евра. 4 комада би биле 380 евра. (линк)

internet-prodaja-guma - 11.158 RSD, односно 95 евра. 4 комада би биле 380 евра. (линк)

Монтажа не е вклучена во цените. @smole не спомна, па нема да спомнувам ни јас.

Да се заебавам со онлајн нарачка, па да се заебавам да возам до Врање, да барам таму вулканизер, па граници да чекам, па уште колку треба да се плати за патарини, гориво и слично.. Да не праиме муабет за изгубен цел ден...

Некако, што знам...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8768 на: 17 Декември 2021, 00:02:35 am »
за сув пецилајни се?
или некоја друга ознака е ?
Да за SUV се. Точно како што пишува.
Shto e razlikata? nosivost?

Отсутен Panda993

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8769 на: 17 Декември 2021, 01:57:31 am »
Го прашав @smole за димензии, не добив одговор. Нејсе, направив споредба за мене.

205/55 R16, Continental WinterContact TS870 91H.

kupigumi.mk - 5890 денари без попуст - 95 евра. 4 комада би биле 380 евра. (линк)

internet-prodaja-guma - 11.158 RSD, односно 95 евра. 4 комада би биле 380 евра. (линк)

Монтажа не е вклучена во цените. @smole не спомна, па нема да спомнувам ни јас.

Да се заебавам со онлајн нарачка, па да се заебавам да возам до Врање, да барам таму вулканизер, па граници да чекам, па уште колку треба да се плати за патарини, гориво и слично.. Да не праиме муабет за изгубен цел ден...

Некако, што знам...
Друже не си баш во право.
За твојата димензија не знам али за мојава димензија имаше огромна разлика во цената на гумите во Србија.
Сега не знам дали и јас пред некоја недела гледав на истиов сајт што го имаш напишано али знам дека беа на некоја промоција и баш се деќавам на цените бидејќи се мислев да одам до Србија.... ама се откажав бидејќи ќе ми прават проблем на граница назад со летните гуми.
Инаку цените беа вакви:
 Continental TS870 P -8600 ден (Србија), Мотоцентар 11.383 ден.
Bridgestone LM005 - 7500 ден (Србија) , Олимпико,Турбомакс.... 9500 ден.
Michelin alpin 6- 8800 ден (Србија) , Олимпико,Пнеуматик,Е-гуми 10.600 ден.
 Па сега вреди да се иде мислам, чак што више и да се плати 20-30 евра да ти ги чуваат летните или зимските гуми таму во вулканизерите..... е сега малку проблем е ако имаш дупли бандажи не знам како ке ги однесеш натаму.... али кај нас се е можно( ке ставиш 50 евра у пасошот)...

Отсутен Panda993

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8770 на: 17 Декември 2021, 01:59:49 am »
за сув пецилајни се?
или некоја друга ознака е ?
Да за SUV се. Точно како што пишува.
Shto e razlikata? nosivost?
Искрено да ти кажам ми кажаа што беше разликата али на памет не ги ставов ич бидејќи ми дојде преку глава од замарањево со зимскиве гуми и начинот на кој се понашаат нашиве трговци со нудењето на гуми од типот на 2019 годиште....

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8771 на: 17 Декември 2021, 02:04:09 am »
имаше некој муабет дека се мењале гумите на џип или на сув на 30.000 км, демек се амортизирале, повеќе се виткале и слично, ама не зна дали е мит или вистина, демек ако не ги смениш можело да пукнат  или така нешто, али нејсе.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8772 на: 17 Декември 2021, 07:47:01 am »
Кај нас нестандардните димензии или оние што ретко се возат се убиствено скапи и само со порачување. Јас моите ги чекав еден месец а ги порачав после еден месец   потрага. Целосезонски само распар, а зимски суво злато(од моделите што ги преферирав). За да купиш од странство како што вели @zeroSignal  - па подобро ќе одработам екстра ден него да сјебам екстра ден и да ги фрлам гумите на бандаж што ми се моментално. На крајот тоа е пазарот наш.

Sent from my DN2103 using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8773 на: 17 Декември 2021, 09:43:55 am »
Друже не си баш во право.
За твојата димензија не знам али за мојава димензија имаше огромна разлика во цената на гумите во Србија.
Сега не знам дали и јас пред некоја недела гледав на истиов сајт што го имаш напишано али знам дека беа на некоја промоција и баш се деќавам на цените бидејќи се мислев да одам до Србија.... ама се откажав бидејќи ќе ми прават проблем на граница назад со летните гуми.
Инаку цените беа вакви:
 Continental TS870 P -8600 ден (Србија), Мотоцентар 11.383 ден.
Bridgestone LM005 - 7500 ден (Србија) , Олимпико,Турбомакс.... 9500 ден.
Michelin alpin 6- 8800 ден (Србија) , Олимпико,Пнеуматик,Е-гуми 10.600 ден.
 Па сега вреди да се иде мислам, чак што више и да се плати 20-30 евра да ти ги чуваат летните или зимските гуми таму во вулканизерите..... е сега малку проблем е ако имаш дупли бандажи не знам како ке ги однесеш натаму.... али кај нас се е можно( ке ставиш 50 евра у пасошот)...

Има разлики, не дека не. И секој си ги есапи разликите на свој начин. Тоа што за мене е валидно, не е за тебе, и обратно. Арно ама, јас спремен сум да платам одреден процент повеќе, за да не се заебавам. Да не се заебавам со нарачување преку интернет, испорака на адреса што не ја знам, па патување во странство, па пасоши, патарини, проверки, трошок за гориво, трошок за јадење, па барај вулканизер, па уште да дојде и до 50 евра во пасош?

Плус, не знам дали цените што си ги добил кај нас се регуларни или со некаков попуст. Уште ако се искамчи некоја поокеј цена, и после сите дополнителни трошоци да искочи дека разликата е 50 евра вкупно... Без да го бројам работниот ден и работните саати што сум ги изгубил, што сум можел да ги искористам да заработам повеќе од тие 50 евра...

Јас многу си го ценам времето, и спремен сум да платам некоја рационална сума повеќе, ама да не губам ден. Да закажам термин, да отидам на закажан термин (макар и да треба да почекам недела дена за слободен термин, не ми е проблем), да испијам едно кафе и додека пијам кафе, за еден саат да завршам работа.

Како и да е, така јас размислувам, не мора да се согласиме.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8774 на: 17 Декември 2021, 10:04:22 am »
Tebe satot ti e 100 eu, zato :)
Abe odel na pechenje vranje, gumie kolku da se pravda kak zhena mu xD