Во зимски услови, возилото се експлоатира во услови со зголемена влажност.
Дополнително патиштата содржат зголемена концентрација на сол, ситни камчиња, кал, снег, нечистотија.
Тркалата многу често се брцкаат во вирчиња во кои што има "раствор" од снег, песок, сол и нечистотоја. Доколку тркалото е загреано (заради интензивно кочење) и нагло се излади со таквиот "раствор", се јавуваат микро пукнатини во бојата во кои што влегува растворот. Со тек на време бојата ќе почне да матира, да се лупи или доколку бандажот е челичен ќе се појави и коризија.
Препорачливо е во зимски услови да се вози гума со што е можно повисок профил, со цел да се избеггнат оштетувањата што може да настанат од:
- возење во шини од разгазен и замрзнат снег, што може да предизвика странично оштетување на бандажот, пневматикот
- удари во дупки кои што се појавуваат во асфалтот заради навлегување на вода во пукнатини и замрзнување на водата. Истите дупки ги викаме "ударни дупки". При удар во истите најчесто ја даваме пцовката "Лееее бре улициве на што личат, коливе ги искршивме. Лопови маме им ебам". Овие дупки се појавуваат најчесто на места каде што претходно воопшто ги немало и на места каде што асфалтот е многу тенок и подлогата лоша, затоа што имало многу за делење кај тендерот.
- монтажа на ланци и слични помагала за возење на мраз или снег значително полесно ги оштетуваат бандажите
Заклучок
Заради неконвенционалните услови на експлоатација во зимски услови, бандажите полесно се оштетуваат.
Во таква ситуација, подобро е да се оштетуваат челичните отколку алуминиумските бандажи. Челичните се полесни и поефтини за корекција од естетска и механичка придода.
Многу е несоодветна споредбата од типот "брат јас возам 19инчни бандажи на зимски гуми, мука немаат џабе ќе зимаш челични". Повеќето од тие ликови што возакаат 19 инчни бандажи со 45 профил на гума, кога ќе падне снег колата ја оставаат на паркинг и идат со автобус или се шлепаат со другари и колеги. Ова е од мое лично искуство со такви ликови, немам намера да шибам у ребра никој од форумов.