Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1366089 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4905 на: 30 Октомври 2015, 23:58:47 pm »
Да му се љуљате вие на Миле ;D он утре ќе си намести зимски гуми.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Одг:
« Одговори #4906 на: 31 Октомври 2015, 00:46:47 am »
А зошто постојат тогаш зимски и летни гуми.Ајде нека бидат гуми само и готово.Јас сеа ко некој глуп се осеќам вчера шо купив зимски гуми.Абе ко не напишавте порано дека не требало..

Отсутен miki002

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
    • Моето возило
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4907 на: 31 Октомври 2015, 00:59:41 am »
Јас се сеќавам во '92ра за враќање од Берово кон Кочани, само татко ми со Застава 1300 и уште еден Москвич со зимски гуми си тргнавме и стигнавме безбедно. По патот имаше преку 60 возила излетани насекаде - масакар! Највеќе беа голф 1 - југо - 101 и мое мислење беше дека погонот на предни тркала на тие возила е проблемот (7 години дете), ама убаво ми објасни татко ми што е навистина проблемот - гумите.
Тоа време тетин ми од Германија му носеше гуми на татко ми, зимски гуми...

Летни гуми во зима - колата ти е само санка со кабина и греење.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4908 на: 31 Октомври 2015, 01:27:59 am »
Tака е Миле, летни гуми за лето, зимски гуми за зима. Од членовите тука на форумов само Кано знае на каква угорнина живеам. Лани зимето пред да падне снегот, на влажно само, малку подмрзнато со летните не можев да се искачам по угорнината, за симнување муаббет да не правиме. Со зимските мака немам, исто ко со летните летно време. Не се џабе зимските гуми. Мое мислење е мубаетот дека зимски гуми не се потребни не држи вода, тоа што кај нас во законот пишува дека летни гуми со ланци зимно време може да се возат е тешка глупост, туку ајде. И како што кажа СалеСк, далеку од тоа дека со зимски гуми зимно време си сигурен на мраз или снег, битно е колку ти сече акалот кога возиш.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29794
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4909 на: 31 Октомври 2015, 07:13:36 am »
Швапска работа.
Уште да кажеа кои гуми ги тестирале, кои димензии и топ ке беше.
Не слушнав дека кажаа такво нешто.
Инаку у право се луѓето, ама ете, едвај еден тест да се најде.
А сите 9999999999 се за летните во зимски услови ;)

Миле за тебе олсизн.
Пошо си неодлучен.
А и неозбилен!

Затоа што сè уште постојат луѓе што мислат дека зимски гуми не се потребни. Исто ги има и оние тестови со две зимски или 4 зимски за убедените дека две зимски се доволни, а и оние со погон на сите четири и летни гуми што мислат дека 4х4 е доволно...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4910 на: 31 Октомври 2015, 10:47:59 am »
Не паметам дали ви кажував каква глупост направив оваа година на крајот од зимата кога се дрзнв еднаш во животот да ставам само напред зимски гуми...
Помина средина на март и ги вратив летните гуми, ама се случи да треба да одам во планина каде има снег. Решив да ги вратам зимските зошто знам дека таму се екстремни снежни услови, ама ме замрзе како идиот па ги ставив само предните тркала а задните ми останаа летните. Стигнав таму и веднаш при кочење забележав како нешто да ме бутка надолу по низбрдицата, односно предниот дел на колата беше шина ама врз задниот немав никаква контрола при кочење. Се извадив од памет пошто од десната страна беше бездна, и застанав. Предницата застана а задниот дел продолжи да се движи према бездната без да можам било што да направам бидејќи патот имаше благ нагиб. Морав веднаш да тргнам во паника и така некои 100 метра дрифтав на косо со задниот дел према бездната а со предницата немав никаков проблем, се движеше како по шина. Ќе си испоубиев и жена и дете. Тие 100 метра ме остареа за цела година и ме препотија жива вода станав.

Така да, катаљон пати подобра варијанта е 4 зимски гуми во зима одошто летни гуми во зима. А две со две е најглупавата идеја која некому може да му текне. Идиотизам невиден.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4911 на: 31 Октомври 2015, 10:58:46 am »
Сите знаеме дека во зима е едно 200 пати подобро со зимски гуми,  само ни фалат едно две нули во платите, тогаш ќе измислиме и есенски гуми за маглата да ја разбиваат :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29794
    • CARclub.mk
Одг:
« Одговори #4912 на: 31 Октомври 2015, 11:13:08 am »
Зимските гуми нека чинат 20.000 денари. Траат најмалку 4, во реалноста 5 сезони. Тоа се 4.000 денари годишно, односно 330 денари месечно. 

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17606
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4913 на: 31 Октомври 2015, 11:13:26 am »
Ако сите добијат уште две нули во платите, од ноември до март ќе живеевме на тропска локација, додека овде помине зимата... Една нула плус реално си е супер ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4914 на: 31 Октомври 2015, 11:13:49 am »
Зависи, како кој. Мене 4 нови зимски гуми од средна класа ми се четврт плата  8) некој со 19-ки, је најебо :P

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4915 на: 31 Октомври 2015, 11:18:53 am »
Зимските гуми нека чинат 20.000 денари. Траат најмалку 4, во реалноста 5 сезони. Тоа се 4.000 денари годишно, односно 330 денари месечно. 

Така е само што на никој не му паѓа на памет месечно да трга по 300 денари за гуми, и тоа 4 години, после првата година ќе му текне дека телевизор му требало, оп парите од гумите под мишка и право во нептун. и после истата песна, шо бе зимски гуми кај нас нема снег....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4916 на: 31 Октомври 2015, 11:20:50 am »
Ќе си купи кола чии гуми коштаат 10.000 колку што му се финансиските можности и ќе си ја одржува да не биде опасност по себе и останатите околу себе.
Само проста маса македонска што не знае што прави...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55052
  • Махер
Одг:
« Одговори #4917 на: 31 Октомври 2015, 16:45:38 pm »
Не е работата за немање пари.


Работата е да не се лажеме дека не требале зимски гуми.

Да требаат зимски гуми, ама немам пари па крпиме некако.
Има голема разлика со:
Не требаат зимски гуми.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4918 на: 01 Ноември 2015, 10:38:20 am »
Не е работата за немање пари.


Работата е да не се лажеме дека не требале зимски гуми.

Да требаат зимски гуми, ама немам пари па крпиме некако.
Има голема разлика со:
Не требаат зимски гуми.

чекај чекај.. како тоа немаш пари? нели пред извесно време викаше дека за во македонија е таман да се има плата од 2.000 евра месечно? и како ти не си задоволен зашто уште не си стигнал до таму.. значи ете ина пола да си, со 1000 евра месечна плата, не би ти било проблем да туриш 4 зимски гуми... и тоа добри и квалитетни...


да не се лажаме... крпарењето секогаш се враќа како бумеранг по глава...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55052
  • Махер
Одг:
« Одговори #4919 на: 01 Ноември 2015, 10:45:13 am »
Не зборев за мене. Јас имам зимски гуми.