Зарем не е подобра поширока.Нема ли да биде постабилна колата.Логички некако така ми изгледа
Колата е доволно стабилна и со потенки гуми, особено во зима кога се вози со помали брзини. Од друга страна, со нешто потенка гума поединечниот крампон подлабоко се збрцува во подлогата, па потенка зимска гума значи подобар контакт со лизгавата подлога, поголема тракција во снег, но и помал ризик од аквапланирање на влажен коловоз. А ако треба да поминеш низ неутабан снег, пошироката гума треба повеќе снег да изрине од потенката, па може да ти се случи во некое сценарио да заглавиш, а во истото сценарио со потенка гума да пројдеш. Со еден збор: немој широки зимски. Има само естетски бенефит (широки гуми изгледаат подобро), но безбедносен зијан.
Широка гума нуди поголема стабилност само на многу големи брзини, кога на сув вруќ автопат фаќаш кривини при што латералните сили се големи. Тогаш и само тогаш - во брзата сува кривина - широка гума значи поголема контактна површина и нуди некаков бенефит.