@ filipv
Не е дека немам време, не гледам поента во давање одговори на прашања што не се спроведливи. Што е важно која гума е подобра ако едната не е достапна на пазарот на МК? Тоа е мојот став за некои дилеми околу што би било кога би било. Не сакам да се впуштам во такви дискусии. Тоа ми е како, кој е појак Американците или Русите. Исходот не е секогаш предвидлив во изборот на нештата. Еве земи го Иџе за пример. По твојте калкулации, со никаков буџет, тим од 4 луѓе, веќе човек во години итн инт ќе испадне дека шансите да освои Европско првенство се 1 во 1000. И што се случи сите знаеме.
Не се може да се анализира. Тоа ти е како да те прашам јас тебе, зошто Трпе секогаш наоѓа слободно паркинг место, а Миле не? И сеа ти треба да се замараш да вадиш статистика на се и сешто. Нормално не, туку ќе речеш јбг таков му е ксметот.
Сеа околу мојот стаж. Ваљда не си сфати дека го користам тој момент за да биде работава квантитет=квалитет. Поентата ми беше дека, ако јас сум му пишал „купи Барум“ тоа не сум го пишал зошто така ми дошло нели, туку дека имам некое искуство и истражување околу неговото прашање, па мојата совест ми дава зелено светло да го напишам тој одговор. Малиот број на одговори поделен со мојот стаж требаше да ти даде на знаење дека јас не давам одговор на прашање ако барем во најмала рака јас не ја направам истата одлука за мене, а мене да ми заштеди на време да го пишувам ова.
Музичкиот клип служи за внесување на живост во сувопарна дискусија. Исто како и табела или график во докторска дисертација

.
Атомското ниво е овој муабет што јас и ти го правиме а започна со тоа дали е подобра Барум или Дејтон, бидејќи мојот одговор го сфати како да е тресење од ракав. Нормално неможам да те обвинам, можеби и јас ќе си го помислам ако се читам од стана, но нели ако треба образложение претпоставувам дека иницијаторот на прашањето треба да го побара или некоја друга заинтересирана страна.
п.с. фала на комплиментот
