М-р Терзиќ треба подобро да се информира за законите во Р. Македонија. Зимски пневматици НЕ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ за патнички возила и работни машини со 3.500кг. Задолжителна е зимска опрема, кога се вклучени во сообраќај надвор од населено место, а зимска опрема подразбира летни или зимски пневматици со минимум 4мм шара по каналите, но, ако се летни, треба да поседува и ланци или други соодветни помагала (се прашувам дали tire socks се „други соодветни помагала“). Осигурителните компании се должни да работат според законите во Р.М., дури и ако назначат во некоја фуснота, мислам дека на суд нема да помине, ако е во спротивност со законите во Р.М.
Цитат од Сл. Весник, Бр. 31 од 3. Март 2010, каде е објавен важечкиот правилник за задолжителна опрема во возилата:
Член 11
(1) Како зимска опрема на моторни возила со најго-
лема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се по-
дразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална
длабочината на шарите на слојот што гази по обем и
широчина, од четири mm.
- пневматици со летен профил на сите тркала со
длабочината на шарите на слојот што гази по обем и
широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако во-
зилото во приборот има синџири за снег со адекватна
големина за погонските тркала или други соодветни
помагала.