Ме потсетивте... првата година кога ги купив зимските Континенталки, уште топли беа од фабрика

и нормално првиот снег се качив на Водно. Немаше проблем, се искачував од кај Нерези, па од околу дојдов до раскрницата со главната улица (кај паркингот горе на Средно Водно). Таму беше замрзната целата улица, а благ успон е онака. ОК си викам, што се не поминав претходно, нели, возев по неразгазен снег, длабок снег, високи угорници со кривини... без скоро никаков проблем. Си викам гумиве лудница, како не сум возел до сега со зимски гуми

И таман чекав на раскрсницата (стоев во место) да се расчисти гужвата - кога почна колата сама од себе да лизга прво настрана, си викам отидов ја у дупка

Тргнав некако едвај нанапред, ама од колите немав каде и морав пак да застанам. Како стојам во место колата ми се лизга и ме врти како балерина во круг. Боже викам, што сум бил глуп, кои гуми ќе те спасат на мраз-само со шајки

Се искачив едвај на раскрсницата и требаше да влезам во колоната. Ма какво влегување... ме држат тројца од возачката страна да не ми лизне колата на спротивната лента да не ги удрам тие што се искачуваа. Ај што ме држеа од страна, ме држеа и од напред да го заустават возилото да не го учукам тој пред мене, а бе фешта беше

Немој да мислите дека само јас лизгав, лизгаа сите на тој дел, кој повеќе кој помалку, ама на мраз не ви помага ништо (и тоа ни со стоење у место на блага нерамнина). Не дај Боже да се најде човек во возење и да не знае дека на некој таков дел е сув мраз и да мора да кочи - само Господ нека му е на помош!