Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1697904 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1650 на: 07 Ноември 2012, 23:46:25 pm »
... или пак во Собрание :)

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 536
  • drive it like you stole it!
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1651 на: 07 Ноември 2012, 23:51:03 pm »
@Simo,

Ти благодарам за деталното и исцрпно објанување. И јас бев на ум дека гума со подобра шара треба да оди секогаш напред. Но дали мислиш дека гума со подобар контакт(grip) треба да оди на задна оска при следнава ситуација:
Четири до пет возрасни патници во возило и полн гепек. Дали при нагло праволиниско кочење си убеден дека префрањето на тежината на предната оска ќе се случи навремено, или возилото ќе почне да се изместува, да му бега задниот дел вон контрола?
 

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1652 на: 08 Ноември 2012, 00:00:12 am »
@Simo

Цитат
Ќе го поставам овој систем во друга ситуација, од праволиниско движење ќе почнеме да се движиме кружно налево. Притоа ќе ги закочам предните гуми.Задниот дел ќе се подигне, задните гуми ќе имаат премал контакт со подлогата и поради дејството на центрипеталната центрифугалната сила и намаленото прислонување на задните тркала, каросеријата ќе почне неконтролирано да лизга со левата задна страна преку предните тркала (центрипеталната ќе го тумба возилото нанапред-како на точак кога ќе закочиш нагло со предна).

Спрема горе кажаново, ако имаме пар стари и пар нови гуми, и старите гуми ги ставам позади а новите напред, сум направил при кочење да имам ултрадобар грип на предните тркала, а ултралош грип на задните тркала. Така и треба, во спротивно нема да закочиш на саканото растојание при праволиниско движење.

За разлика од задните тркала, за предните имаме повеќе средства за манипулација. Педал за гас, педал за кочница и секако-волан. Ако поради лошите предни гуми колата почне да оди во андерстир при акцелерација, со едноставно отпуштање на педалот за гас можам да ја исконтролирам ситуацијата. Исто така при кочење или влегување пооштро во кривина, со притискање на педалата за гас и подисправување на воланот, лесно можам да ја вратам контролата врз предните тркала.  :o Респект! Сето тоа е далеку помалку изненадувачки отколку „бегање“ на задниот дел на возилото. Напротив, јас мислам дека е обратно-со лоша гума напред колата ниту трга, ниту кочи, ниту се качува на угорница, ниту можеш да се симнеш, ниту можеш да свртиш у кривина, а андерстир е далеку потешко и покомплицирано за контролирање отколку оверстир, каде (во зависност од погонот дали е на предни или задни тркала) ја пушташ педалата за гас (или додаваш гас) и вртиш со воланот према смерот накај што ти „киднала“ задницата.  

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1653 на: 08 Ноември 2012, 00:01:33 am »
Нема да бега вон контрола, зошто задниот дел ќе го кочи возилото и ќе го насочува предниот. Тоа ти е како дете што го држиш за рака па ти трча лево десно а ти го насочуваш по прав пат. Ако предните тркала кочат повеќе од задните тогаш дури и на прав а благо наклонет пат ќе загубиш контрола врз задницата и никако не можеш да ја спасиш. Од слична причина и приколките за камиони најназад на приколката имаат дури 6 тркала што кочат инаку камионот би се прекршил на пола.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45015
  • Il Moderatore
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1654 на: 08 Ноември 2012, 00:03:21 am »
Бидејќи го разгледуваме проблемот на губење на контрола на задниот дел, секако дека екстра товарот ќе помогне за порамномерно распоредување на тежината на обете оски. За пример ќе ја земам мојата кола 1.5 тони и (не знам баш точно ама еве нека бидат) 500кг носивост. На предните тркала празно возило има околу 55% од тежината а тоа е 825кг, а на задните тркала има 675. Ако седнат четири патници, нивната тежината ќе се распореди скоро рамномерно помеѓу двете оски. 4 патници помножено по 85кг во просек е + уште 170кг по оска. Значи сега на предната оска ќе тежи 995, а на задните 845кг. Позади може да ставме уште максимум 160кг (ваљда златни шипки или 3 вреќи брашно од 50кг,) па позади ќе добиме 1000кг вс 995кг напред. При кочење, повторно тежината ќе сака да се префрли на предниот дел од возилото, така да задниот дел пак ќе ни` се „олесни“ динамички. Секако дека би ги оставил подобрите гуми позади.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1655 на: 08 Ноември 2012, 00:05:56 am »
Нема да бега вон контрола, зошто задниот дел ќе го кочи возилото и ќе го насочува предниот. Тоа ти е како дете што го држиш за рака па ти трча лево десно а ти го насочуваш по прав пат. Ако предните тркала кочат повеќе од задните тогаш дури и на прав а благо наклонет пат ќе загубиш контрола врз задницата и никако не можеш да ја спасиш. Од слична причина и приколките за камиони најназад на приколката имаат дури 6 тркала што кочат инаку камионот би се прекршил на пола.

Миле и да кидне у десна кривина задницата ќе дадеш пуна лева и гас па и да умреш колку можеш ќе се спасиш. Али ако кидне предница толку е папала маца.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1656 на: 08 Ноември 2012, 00:07:33 am »
Џиџи, друже, сети се на зимските денови лани на Водно. Зошто јас правев секакви акробации со помош на ручна кочница, а Дани со Цитроенот со рачна на предните тркала само седеше настрана и не можеше ништо да направи. И сети се на муабетот „до година ќе ги ставам летните гуми назад а напред ќе бидат зимски“ и тоа се со цел да можам задниот дел да го лизгам што повеќе. Тоа не би сакале да ни се случи во реално сценар

Миле и да кидне у десна кривина задницата ќе дадеш пуна лева и гас па и да умреш колку можеш ќе се спасиш. Али ако кидне предница толку е папала маца.

Не е баш така друже. Ај памти го муабетов па ќе мериме зимоска на Водно. Предницата можеш лесно да ја исконтролираш. Но задницата не можеш. Тоест можеш но веќе си во банкина или во бездна :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55268
  • Махер
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1657 на: 08 Ноември 2012, 00:11:15 am »
А затоа ви фуфка од заден погооооон. Па вие не сте знаеле да ја исконтролирате задницатаааа... Дур сватам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1658 на: 08 Ноември 2012, 00:12:45 am »
Naprotiv. Заденпогон е суопер за дрифтање. Но во реално сценарио ние нејќеме дрифтање туку правoлиниско движење ;)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1659 на: 08 Ноември 2012, 00:12:57 am »
Миле и да кидне у десна кривина задницата ќе дадеш пуна лева и гас па и да умреш колку можеш ќе се спасиш. Али ако кидне предница толку е папала маца.

Целосно се согласувам. При најлош случај, во кривина и кола од контра правец, ако кидне предница го маваш директно, а со задница може да се изгребат само страните.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11165
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Re: Зимски гуми?
« Одговори #1660 на: 08 Ноември 2012, 00:14:31 am »
Infinite loop

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1661 на: 08 Ноември 2012, 00:14:49 am »
Abe убаво ви пушти Симо да читате..... само сите сте шоферишта како во темата :) кој ги ебе тие што се разбираат...

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55268
  • Махер
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1662 на: 08 Ноември 2012, 00:17:31 am »
Демек ти се разбираш или?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45015
  • Il Moderatore
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1663 на: 08 Ноември 2012, 00:18:26 am »
А затоа ви фуфка од заден погооооон. Па вие не сте знаеле да ја исконтролирате задницатаааа... Дур сватам.

Без заден погон немаш контрола на задницата - освен ручна. Со заден погон имаш и гас и кочница и диференцијал и се` што треба. Секако професионалци како сите нас на форумов едноставно МОРА да знаат да ја исконтролираат задницата, но тоа не е поентата. Поентата е кога ќе дојде баба ми да прочита што да праи со новиот пар гуми да најде релевантна информација.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #1664 на: 08 Ноември 2012, 00:18:45 am »
Цитат
Џиџи, друже, сети се на зимските денови лани на Водно. Зошто јас правев секакви акробации со помош на ручна кочница, а Дани со Цитроенот со рачна на предните тркала само седеше настрана и не можеше ништо да направи. И сети се на муабетот „до година ќе ги ставам летните гуми назад а напред ќе бидат зимски“ и тоа се со цел да можам задниот дел да го лизгам што повеќе. Тоа не би сакале да ни се случи во реално сценар

Се сеќавам, ама се сеќавам и дека цело време возевме со рачна дигната, па немаше проблем - нели? ;)