Точно никој не може да ти посочи, ама треба да си ги погледнеш сите делови што ротираат, почнувајќи од тркалата - провери си дали бандажите се криви.
После премини на внатрешни и надворешни зглобови како и самите полуосовини. Па на крај проверка на главчини пак, и тек после тоа ќе си смениш/израмниш дискови и нови плочки.
Вакви проблеми се решаваат по метод на елиминација од најефтино кон најскапо. И, како што откривме со други членови тука, инсистирај кога вулканизери ти вадат бандажи, да не ги малтретираат штрафовите со пневматскиот пиштол зошто и од тоа може да се искриви главчина.