Автор Тема: Вибрации при одредена брзина и кочење  (Прочитано 6477 пати)

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Денес приметив дека на околу 110кмх има вибрации а по изразени се вибрациите кога ср кочи на таа брзина. Предница или на друго место да го барам чарето?

Sent from my SM-G930F using Tapatalk


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #1 на: 20 Јули 2018, 23:32:33 pm »
Прво дискови и плочки/шепи провери.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #2 на: 21 Јули 2018, 01:24:44 am »
Провери си дискови или штрафовите на бандажите да не ти се лабави.


Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #3 на: 21 Јули 2018, 01:30:06 am »
Провери си дискови или штрафовите на бандажите да не ти се лабави.
Ќе го проверам и штрафовите, ама ова се случува само на околу 110, да се штрафови би требало цело време да ги има вибрациите

Sent from my SM-G930F using Tapatalk


Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 225
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #4 на: 21 Јули 2018, 03:02:03 am »
krivi gumi bandasi nebalansirani trkala ili labavi strafovi

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #5 на: 24 Јули 2018, 14:38:15 pm »
Штрафовите ги проверив добри се, препорачајте кај да ја однесам за проверка на дискови, гуми, бандажи?
Се сеќавам дека пред одреден период погодив длабока дупка може да е бандаж, гума, или некое тегче да паднало ...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #6 на: 24 Јули 2018, 15:19:31 pm »
Дали вибрациите се појавуваат кога кочиш јако или кога мааалце стискаш на кочница? Кога е најизразено?

Јас ваков проблем имав порано при мал притисок на кочница вибрации се појавуваа и проблемот искочија на крај криви бандажи пошто во меѓувреме сменив и нови дискови и плочки.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #7 на: 24 Јули 2018, 15:23:38 pm »
Дали вибрациите се појавуваат кога кочиш јако или кога мааалце стискаш на кочница? Кога е најизразено?

Јас ваков проблем имав порано при мал притисок на кочница вибрации се појавуваа и проблемот искочија на крај криви бандажи пошто во меѓувреме сменив и нови дискови и плочки.
Најизразени се кога малце притискам на педалата.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #8 на: 24 Јули 2018, 18:26:43 pm »
Провери ги бандажите да не се искривени ама вака на форум тешко да ти направиме дијагноза што точно може да биде проблемот.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #9 на: 24 Јули 2018, 18:45:35 pm »
Провери ги бандажите да не се искривени ама вака на форум тешко да ти направиме дијагноза што точно може да биде проблемот.
Очекував да се ппсочи што би можело да биде проблем :)
Препорачај кај да ја однесам да проверат.

Фала пуно

Sent from my SM-G930F using Tapatalk


Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #10 на: 17 Септември 2018, 17:56:45 pm »
Да направам упдејт на темава :)
Средено е балансирани се гумите и нема веќе вибрации при возење. Има вибрации при кочење на 110-120 се осеќаат многу. Може проблемот да е до крив диск или нерамномерно истрошен?

Кога кочам при ппмали брзини (20-40) се слуша стругање/"квичење" ама не константно туку само на одреден дел од дискот

Sent from my SM-G930F using Tapatalk


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #11 на: 17 Септември 2018, 18:47:50 pm »
Крив диск или дискови имаш со 100% сигурност.

И јас имам сличен проблем ама не му се тресам многу.

Најмногу до израз ќе доаѓа тресењето кога ди товарен и кочиш од 140 на надолнина.

Ќе си внимаваш.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #12 на: 28 Септември 2018, 22:01:22 pm »
Ако се одлучиш да рамниш дискови или евентуално нови да ставаш, обавезно каде што ќе го правиш тоа да ги проверат главините(главчините) со компаратор дали е некоја крива.
Зошто - затоа што го иамв овој проблем долго време, проверив се што можеше да се провери и на крај си купив компаратор и на мајстор сам си ги проверив. Две главини беа криви, една напред една назад. Пред ова, неколку пати рамнев дискови кои беа нови. Тие што беа на автомобилот кога го купив се искривија за рекордно време. Ги заменив со нови(Ashika) и новите ги правев 3 пати. Ставив други(TRW) и тие се искривија(по совет на "мајстори", според кои наводно дисковите (Ashika) биле неквалитетни. Ги послушав). Во целиот тој период испробав и други плочки и утврдив дека Ashika плочките беа веројатно потврди од новите кои ги ставив после нив ( Allied Nippon ) и придонесуваа за побрзо искривување. Од немајќи идеја што да превземам, променив и црева на кочници (Goodridge), течност ( Motul), специјални лубриканти набавив за пинчињата на клештите, клештите ги реставрирав комплетно со нови гумички и клипови...Да не речам нов сопирачки систем имам сега, а дисковите повторно се искривија после некое време. Проверката со компаратор дојде на крај и утврдив - задна десна главина отстапува 0.35мм, предна десна 0.2мм. Левите се прави, со отстапување од помалку од 0.02мм.
Се разбира, текот на настаните ќе беше комплетно поинаков да започнев со проверка на главините. Криви главини ќе ти ги искриват дисковите, точка. Започни со нивна проверка и успут рамни ги дисковите или стави си нови ако немаат веќе материјал за рамнење.

Затоа, те советувам , што и да правиш, најди го изворот на проблемот. Не верувам да постои поголем паталец од мене ( ако постои...сочувство му изразувам ) за оваа проблематика.
Made in Japan ☮

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3997
  • MadaFunker
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #13 на: 28 Септември 2018, 22:08:43 pm »
Како си ги искривил/може да се искриват главините?
New blood of old school

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Вибрации при одредена брзина и кочење
« Одговори #14 на: 28 Септември 2018, 22:09:51 pm »
Многу работи не се запазуваат при монтирање на нови дискови и плочки. Јас ретко гледам кога ќе се симнат старите, главчината да се исчисти. Треба да се напраи стакло, метал да биде цела. Ретко кој мајстори го прават ова.