Ако се одлучиш да рамниш дискови или евентуално нови да ставаш, обавезно каде што ќе го правиш тоа да ги проверат главините(главчините) со компаратор дали е некоја крива.
Зошто - затоа што го иамв овој проблем долго време, проверив се што можеше да се провери и на крај си купив компаратор и на мајстор сам си ги проверив. Две главини беа криви, една напред една назад. Пред ова, неколку пати рамнев дискови кои беа нови. Тие што беа на автомобилот кога го купив се искривија за рекордно време. Ги заменив со нови(Ashika) и новите ги правев 3 пати. Ставив други(TRW) и тие се искривија(по совет на "мајстори", според кои наводно дисковите (Ashika) биле неквалитетни. Ги послушав). Во целиот тој период испробав и други плочки и утврдив дека Ashika плочките беа веројатно потврди од новите кои ги ставив после нив ( Allied Nippon ) и придонесуваа за побрзо искривување. Од немајќи идеја што да превземам, променив и црева на кочници (Goodridge), течност ( Motul), специјални лубриканти набавив за пинчињата на клештите, клештите ги реставрирав комплетно со нови гумички и клипови...Да не речам нов сопирачки систем имам сега, а дисковите повторно се искривија после некое време. Проверката со компаратор дојде на крај и утврдив - задна десна главина отстапува 0.35мм, предна десна 0.2мм. Левите се прави, со отстапување од помалку од 0.02мм.
Се разбира, текот на настаните ќе беше комплетно поинаков да започнев со проверка на главините. Криви главини ќе ти ги искриват дисковите, точка. Започни со нивна проверка и успут рамни ги дисковите или стави си нови ако немаат веќе материјал за рамнење.
Затоа, те советувам , што и да правиш, најди го изворот на проблемот. Не верувам да постои поголем паталец од мене ( ако постои...сочувство му изразувам ) за оваа проблематика.