Добро вечер, ко нов на форумов со прва сефте тема да прашам едно комплицирано прашање доколку има членови на форумов кои ги знаат правните и техничките обврски за увоз на автомобил кој сеуште официјално не се продава во ЕУ, кај нас би требало Хјудани да се увозници од 2020та.
Знам дека рускиот пазар има сосема други регулативи од Еу и нас, како што е и со Американските возила така би требало да е и со овој тип да се соочам сигурно со десетици проблеми, но пред да го реализирам во идјеа и план да видам каква основа имам за сексуљвово количе да го увезам.
Запознает сум со сите негативни аспекти на автомобили кои се ретки кај нас, почнувајќи од резервни делови и сервис па се до мета на полицијата да си, тоа од лично искуство затоа што дедо ми има Dodge M37 и 43ка и веќе 40 години сам мора да ги оддржува, да плаќа по 4/600еур за гума од Турција, но мерак си е мерак.
Значи, првите прашања ми се дали воопшто е возможно нова кола да се увезе во Македонија доколку нема претставништво никаде во Европа, поради тоа што цариниците се водат според некој си каталог каде оформуваат цена за да те таксаат. Во Русија колава е по доста интересна цена:
https://www.genesis.com/ru/ru/configurator#slide=0 но таму и Киа Стингерот е 28.000еур, кај нас е 40.000 ради акциза и данок.