Еве сега пред малку два пати едно подруго црвен Х, 1-3 секунди стои, потоа се појавува кругче што врти, исто така околу 1-3 секунди, се на се збирно 5 секунди и ја добива поново конекцијата. Телевизорот во дневна ми е пуштен, ресиверот е постојано приклучен со кабел во модемот, не појавува порака дека има проблем со интернетот (а ако го изгасам сега модемот, ке појави порака на телевизорот дека нема интернет врска).
Во врска со пингот, како што кажав и претходно, цело време има пинг се во моментите до појавата на црвен Х, тогаш појавува порака ''General Failure'', 3 пораки ги дава едноподруго така и потоа продолжува со нормален пинг. Во глобала 3 секунди трае губењето на конекцијата. Значи без разлика до која адреса пингам, ќе работи ок се додека не се појави црвениот Х.
Како што читав, ако појави General Failure или Ping transmited lost, тоа значи дека воопшто компјутерот не пристапува до интернет (истата порака ја вади и ако го изгасам модемот или го отштекам ЛАН кабелот) а ако појави Request timed out, пристапува до интернет, ама нема повратен одговор од серверот до кој бараш информација.
На пример кога го ресетирам модемот, во моментите кога го гасам, појавува ''General Failure'', за потоа да појавува ''Destination host unreachable''.
Потоа кога го уклучувам, доле кај статусот врти кругчето, па појавува жолт триаголник, па пак кругче и така наредни 2 минути додека не добие целосно интернет. Е во тие моменти прво нешто што продолжува да пинга е ИП адресата на модемот, додека пингот до гоогле.ком пишува ''Request timed out''.
Значи како што кажав, со request timed out, имаш интернет, ама немаш повратен одговор од некој DNS сервер.
Во право сум за ова ?
Сега можно е да направи уште неколку пати вака во наредни 20-тина минути за потоа да работи ок наредни 6-10 часа.
Е сега, прашањето ми е, што е разлика меѓу класична мрежна за во слот и онакви УСБ мрежни ? Гледам нешто поефтини се таквите, има разлика или стандардна за во слот е подобро ?