Вчера ми беа од близу, ми донесоа тој нивниот модем со вграден рутер што им е, еве овој:

И сега, брзината си ја има, 30/2 треба да имам, и во глобала на спидтест тоа го имам:

Но, кога симнувам било што од торентиве, ја нема таа брзина. Еве на сликава ке видите дека просечна брзина е 1.3 MB/s, а пред да ми го донесат овој модем со рутер, имав 20 Mb/s брзина и тогаш симнував со 1.7-1.8 MB/s просечна брзина.
Го пратев, чат пат ке отидеше до 2.5, али претежно тука беше околу 1, под 1, до 2.0 и така. Први 5 минути со 400 KB/s симнуваше.

Иначе самиов модем/рутер пушта 2 мрежи и тој вчера што го монтираше, го намести се како што треба и ги пушти и двете мрежи. Но ја денес ја изгасив едната мрежа.
Иначе сега компјутерот со модемов ми е поврзан исто како претходно со мрежен кабел пошто позади има 4 порти за мрежен кабел.

Иначе аплоудот е подобрен, сега кога ги прикачував сликиве, далеку побрзо се прикачуваа него претходно кога имав максимум 0.9 MB/s аплоуд брзина.