Eве една слика од моменталната состојба на внатрешноста. Сликата е преземена од фирмата која ја работи внатрешноста, бидејќи јас немам многу навика да сликам
Панелите на вратите и шалтаблата (која со оглед на пукнатините кои ги има сака доста работа) ќе останат во оригиналната боја. Седиштата се гледа колку се избледени од сонце, и за нив се мислам сеуште каква боја ќе бидат. Сега за сега на ум ми е да бидат некоја нијанса посветла кафеава од останатите панели. Воланот ќе се облече во кожа, но без да се зголемува неговата дебелина, и без да се прави во кожа и среднишниот негов дел секако.