Автор Тема: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V  (Прочитано 24322 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #45 на: 26 Декември 2019, 16:02:15 pm »
26.12.2019 година, 213.531 километар.

Заменет педерскиот ЕГР вентил со нов, Magneti Marelli 571822112013. 4.000,00-ки, ама ме боли кур - само да не ја гледам глупата сијаличката да се пали из-чиста-мира.





Колата работи како саат.. Добро, потчукнува некој подизач тука-и-таму, ама не е страшно. Влече супер, тивка е..

Глупиот "check engine" пак светнуваше, со иста грешка - ЕГР. Во возење - никаква разлика откако ќе светне. Градска немаше мака, ама штом испадне колата на отворено - 20-30 километри, многу се. Одма се пали.

Извозени 60-тина километри комбинирано, после промена, без проблем. Дај Боже веќе нека се решава ова, пошто веќе НЕ МОЖАМ. Остави инвестицијата од финансиски аспект, малтертирање со мајстори и сервиси.. Ми се повраќа.

Инаку, дојде со сет дихтунзи, кои беа доста поразлични од оние кои беа на колата. Не знам зошто, ама на едната страна од ЕГР вентилот, дихтунгот немаше отвор за рециркулација.

Баш ќе ги сликнам, да ги видите.. Може некој знае зошто беа така.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #46 на: 26 Декември 2019, 16:26:44 pm »
Можеби сепак тој првиот мајстор менувал, комбинирал ЕГРи со дихтунзи, а вторит мајстор констатирал дека е потребно чистење поради насобраниот гареж,  а всушност си имал неисправен вентил?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #47 на: 26 Декември 2019, 16:33:25 pm »
Јебем-ли-га, не знам. Само знам дека ми е МНОГУ скурчено.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #48 на: 27 Декември 2019, 10:18:22 am »
Кај кои мајстори ја носеше колава за ЕГР?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #49 на: 27 Декември 2019, 10:43:06 am »
Локални.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #50 на: 27 Декември 2019, 10:55:56 am »
Наведи ги ако сакаш да заштитиш од манипулации останати членови на форумов.

Однеси ја колата во малку пософистициран сервис и да видиш како колата ќе биде прегледана детално и ќе се среди палењето на check engine

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #51 на: 27 Декември 2019, 11:01:15 am »
Заменет е ЕГР-от. Се надевам дека е веќе средено.

Каде е тој пософистициран сервис? Овластен?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #52 на: 27 Декември 2019, 17:25:28 pm »
Дихтунзите кои дојдоа со новиот ЕГР, изгледаат вака:



А она што е извадено како дел од стариот ЕГР, изгледа вака:







Колку лоша самоправска деланица од лим е оној од лева страна, мајко мила.

Луд јебе збуњеног работава. Едино ми е криво што не знам од кога се влече оваа работа.. Дали од моиве мајстори, или од претходните сопственици?

Кога веќе делкале, зошто не го направиле како што и треба да биде?

Логично објаснување од некој за немањето на отвор на едниот од дихтунзите, кога е ОЧИГЛЕДНО дека самиот вентил има отвор, како заоблен квадрат?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #53 на: 27 Декември 2019, 17:50:30 pm »
Не е честа практика да се блокира ЕГР вентил со плочка и да се 'рчне нешто софтверски за да не јавува грешки?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #54 на: 27 Декември 2019, 18:00:59 pm »
Конкретно, ECU-то на овој модел било херметички затворено, односно било екстремно тешко да се затапи ЕГР-от, софтверски.

Ова од муабетот кога побарав да се затапи пред два месеци.

Ама, ете, механички, и не било толку тешко.

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #55 на: 27 Декември 2019, 18:18:21 pm »
Секоја чест на живците стварно.
Ај пари се печалат, ама живци, расправии со механичари и дремење по сервиси.  :-X :-X

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #56 на: 28 Декември 2019, 21:24:30 pm »
@plockaMK

Друже, таа е.. Морам да ја стегнам по мои критериуми. Притискаа од дома за продажба. Категорично отфрлив можност за продажба, пошто премногу труд и пари отидоа по колава, а и некако ја засакав многу.

Со проблем, тешко би ја продал, а и колку би и зел..? Толку сум блиску до тип-топ состојба, што ме фаќа паника - да се продаде, од кај да знам на што ќе нагазам? Така да..

Полека, се отплеткува клопчето околу мојот ЕГР. Дихтунгот, односно самоделското лимче од излезната страна на ЕГР-от, е скроз блокиран.



Цевката на сликата е баш од тој дел. Убаво се гледа новиот дихтунг, со отвор како што и треба. Истата се враќа пак во блокот, пошто нели - рециркулација на гасови. Јас фактички сум немал рециркулација, пошто е затапен излезот.

Колата веќе има 150 комбинирани километри од промената, без проблем, пу, пу.

Е сега, може и стариот ЕГР е исправен, ама поарно да не дознаам.

Колегата @Баги викаше да ги кажам кои се сервисите..

Друже, те разбирам во намерата, потполно си ви право, ама тоа оро не ми се игра.

Зошто? На колата не сум прв сопственик, значи немам никаква идеја што се работело претходно. Прва работа.

Друга - пошто колава уствари моиве ја возат, пробаа со два различни мајстори.

Трето - видов дека се мачат, па улетав како помош - нели помлад, со повеќе познаници итн.. Јас бев на уште двајца мајстори.

Кого да обвинам за дешафката? Со кого да се расправам, кога не знам од кој е направена гомнаријата?

А и си реков, пошто веќе 99% сум сигурен дека проблемот е решен, после 2 месеци по сервиси сакам да си дадам малце одмор од истите, без кавги и глупости. Нека тераат, нека им служи на чест.

Дај Боже да се заврши со ова.. Баш ме заболе и за пари, и за нерви, и за мајстори и за се. Јас сум среќен.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #57 на: 28 Декември 2019, 23:05:53 pm »
@Diesel потполно те разбирам, а и мило ми е ептен кога ќе видам некој како трпеливо работи за да дојде до посакуваниот резултат. Да, економски е неисплатливо,ама на крај меракот нема цена.
Продолжи, стегни ја како што треба.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #58 на: 30 Декември 2019, 10:23:02 am »


Колегата @Баги викаше да ги кажам кои се сервисите..

Друже, те разбирам во намерата, потполно си ви право, ама тоа оро не ми се игра.

Зошто? На колата не сум прв сопственик, значи немам никаква идеја што се работело претходно. Прва работа.

Друга - пошто колава уствари моиве ја возат, пробаа со два различни мајстори.

Трето - видов дека се мачат, па улетав како помош - нели помлад, со повеќе познаници итн.. Јас бев на уште двајца мајстори.

Кого да обвинам за дешафката? Со кого да се расправам, кога не знам од кој е направена гомнаријата?

А и си реков, пошто веќе 99% сум сигурен дека проблемот е решен, после 2 месеци по сервиси сакам да си дадам малце одмор од истите, без кавги и глупости. Нека тераат, нека им служи на чест.

Дај Боже да се заврши со ова.. Баш ме заболе и за пари, и за нерви, и за мајстори и за се. Јас сум среќен.

Од тие „мајсотори“ си патиме. Утре друг ќе отиде кај истиот човек, ќе му земе пари и пак нема да биде решен проблемот. И јас го имам јадено така...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #59 на: 30 Декември 2019, 11:11:08 am »
Така е.

Ама, јас не можам со сигурност да знам кој е, па да покажам со прст. Тука имам јас проблем.

Верувај, да знам кој од четворицата бил стручњакот, нема така лесно да помине.