Автор Тема: VW Passat 1.9 TDI  (Прочитано 35650 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #150 на: 28 Септември 2017, 11:57:36 am »
Па 300-400гр дотурени на 10000 поминати километри е сосема океј бројка и е сосем нормално толку да троши.
И јас дотурувам кај мене по толку.

Само овој пат кога го сменив уљето мајсторот мислел дека е 4л тубата а не 5 и дотури едно пола кило вишок, па вадеше со таа машината од шипка што го шмука уљето и зијан отиде повеќе од пола литро. Нормално си наплати за промена на уље а за зијан тоа што појде никому ништо.  :)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #151 на: 13 Октомври 2017, 16:55:15 pm »
Набавив шепа (задна лева) од понов пасат B5.5 и пасира кај мене, ја сменивме.
Мојата течеше глицерин од позади па јас и ставив штопна на цевчето за глицерин, и не ми кочеше тоа тркало, а ручна нормално си функционираше.

И филтерот за уље го сменив, Hengst.

Шепа 1500 ден пошо беше скината гумицата, сменета од старата шепа која испадна здрава.
Филтер за уље Hengst - 260 ден.
Работна рака - 0 ден.  :D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #152 на: 07 Декември 2019, 14:54:35 pm »
Да не го запоставам и пасатот.
После од прилика 4 години и 73.000км извозени, беше потребен голем сервис.

Променето е коплет ребрест каиш INA, со затегачи и ролери, заедно со водна пумпа и пк каиши, марка Contitech.
На 02.12.19, километража 285.600км а следна промена на поминати 355.600км или 02.12.23.
Заменет е и стариот антифриз со нов исто црвен.



Ставена е иста марка на водна пумпа како и кај фиатот.


Еве ги другите каиши.


Колата служи исто како и првиот ден кога ја купив.
Али поради километражата и годините си бара одржување.  :D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: VW Passat 1.9 TDI
« Одговори #153 на: 28 Април 2020, 16:25:15 pm »
Стариот акумулатор си го одработи своето  :)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Заменет е со нов Topla 75Ah башка стариот беше 55Ah па овој би требало да е подобар во секој поглед  :D
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
4500мкд со 2 години гаранција  ;)

5 години подоцна и на Topla и помина мандатот.  ;D
Новиот акумулатор е Midac 75Аh, италијанско производство и овластен дистрибутер и увозник кај нас е МакАутоСтар, купен локално од познат електричар за нашиот крај.
Ќе видиме овој сега колку години ќе биде на власт.  :D