Автор Тема: Ре-инсталација на шофершајбна  (Прочитано 10792 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Ре-инсталација на шофершајбна
« на: 02 Мај 2018, 03:22:14 am »
Дали некој сервис во државава ужива реноме како најдобар во полето со инсталација на ветробрански стакла  (ака шофершајбни)?

Имено, забележав дека на мојот автомобил шофершајбната создава звуци како да не е убаво залепена. Факт е дека фабричката е заменета, а исто така и дека таа што е сега монтирана е со квалитет еквивалентен на оригиналната.

Во план ми е да ја однесам во соодветен сервис каде што ќе биде проверено ова што го тврдам и ако постои можност да се монтира повторно, но овојпат прописно.

Потребен ми е сериозен сервис кој нуди само квалитет и квалитет. За цена не приговарам, ама затоа барам беспрекорна услуга. Дали тоа некој некаде во државава може да го понуди кога станува збор за оваа работа?

Однапред благодарам до сите кои ќе одвојат време да споделат релевантни информации во врска со моето прашање
Made in Japan ☮

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #1 на: 02 Мај 2018, 05:48:45 am »
Оди во официјален сервис. :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #2 на: 02 Мај 2018, 10:12:21 am »
Оди во официјален сервис. :)

WRONG!

Моја препорака, доколку зборуваме за во државава, единствен и најдобар сервис за такви работи е ЕДЕЛ ПРОМ.

Ниеден официјален сервис не може да намести, смени толку шофершајбни за година дена колку што луѓето во оваа фирма местат за една недела. Значи само со тоа се занимаваат и тоа им е примарна работа. Официјален сервис работи се, најчесто поправка на механички дефекти и редовни сервиси.
Прво имаат рутина, знаат што може да прави проблем, знаат како тоа да го направат и знаат што да направат. Секако за тоа си добиваш соодветна гаранција.
Јави се, прашај, ке ти кажат и ке добиеш одлична услуга. Јас не сум имал искуство со нив, но од кажувања на пријатели сум ја добил информацијава.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #3 на: 02 Мај 2018, 12:27:47 pm »
Јас во Едел сменив шајба на Стилото и на 159-ката. Без замерки, брзо и ефикасно. Мислам дека ќе може и да испитаат дали е коректно наместена сегашната...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #4 на: 02 Мај 2018, 12:29:55 pm »
Препорака за Едел Пром и Глас Сервис (мада не знам дали уште постојат, порано беа во склоп на Олимписки Базен).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #5 на: 02 Мај 2018, 12:57:19 pm »
Оди во официјален сервис. :)

WRONG!

Моја препорака, доколку зборуваме за во државава, единствен и најдобар сервис за такви работи е ЕДЕЛ ПРОМ.

Ниеден официјален сервис не може да намести, смени толку шофершајбни за година дена колку што луѓето во оваа фирма местат за една недела. Значи само со тоа се занимаваат и тоа им е примарна работа. Официјален сервис работи се, најчесто поправка на механички дефекти и редовни сервиси.
Прво имаат рутина, знаат што може да прави проблем, знаат како тоа да го направат и знаат што да направат. Секако за тоа си добиваш соодветна гаранција.
Јави се, прашај, ке ти кажат и ке добиеш одлична услуга. Јас не сум имал искуство со нив, но од кажувања на пријатели сум ја добил информацијава.


Официјален сервис никогаш не е WRONG. Ако ништо друго, барем сносат некаква одговорност за направеното.

Особено бидејќи се работи за специфично возило што не е многу продавано кај нас (Lexus IS200, претпоставувам), може да има некакви специфичности шофершајбната (да речеме, греачи, итн) и може да бара нешто повеќе од она што независните сервиси/мајстори го знаат.

Или ако грешката со неправилно наместена шофершајбна е направена во официјален сервис, да си ја средат.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #6 на: 02 Мај 2018, 13:38:07 pm »
Под услов, во овластениот да има вработени кои ќе си ја познаваат работата, да имаат воља да сработат квалитетно, или да признаат дека згрешиле.
Исто важи и за останатите сервиси.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #7 на: 02 Мај 2018, 13:57:47 pm »
Официјален сервис никогаш не е WRONG. Ако ништо друго, барем сносат некаква одговорност за направеното.

Особено бидејќи се работи за специфично возило што не е многу продавано кај нас (Lexus IS200, претпоставувам), може да има некакви специфичности шофершајбната (да речеме, греачи, итн) и може да бара нешто повеќе од она што независните сервиси/мајстори го знаат.

Или ако грешката со неправилно наместена шофершајбна е направена во официјален сервис, да си ја средат.

Ми се допаѓа како размислуваш, од една страна, но од друга и не баш.
БТВ, еве ти една добра идеја за на портал, анализа, работа на терен, истражување на пазарот и стручност на овластените сервиси во МКД.
Чисто како идеја, а знам дека ке ти биде прифатена од страна на повеќето официјални сервиси. Анкета за просечно направени редовни сервиси во еден месец, каросериски поправки, механички сервиси, заменети ветробрански стакла итн... (значи ветробрански, не странични)....
Do you like it?

p.s. Колку што ме служи помнењето ти имаше некаков проблем со стакло/врата/ вателс, и во овластениот сервис лајсната околу прозорот како ти ја вратија?
Чисто да ти го освежам помнењето. Па мораше да ургираш за се да биде коректно сработено, нели?

No hard feelings, just saying...

p.s II Инаку неспорно е дека во овластен сервис колата треба да ти биде направена како од фабрика, но оваа констатација за жал е невозможна кај нас... Имаше во една друга тема дискусија во врска со импровизација...
Импровизација е клучниот фактор во ДНК-та на македонштината.
Така да за замена на шофершајбни можам да им верувам само на тие кои во денот менуваат најмалку 50 и главна дејност им е само промена на шофершајбни.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #8 на: 02 Мај 2018, 14:09:53 pm »
p.s. Колку што ме служи помнењето ти имаше некаков проблем со стакло/врата/ вателс, и во овластениот сервис лајсната околу прозорот како ти ја вратија?
Чисто да ти го освежам помнењето. Па мораше да ургираш за се да биде коректно сработено, нели?

No hard feelings, just saying...

Никакви hard feelings, баш напротив.

Да, имав проблем кога ми скршија стакло од задна врата од возачка страна на Голфот. Стакло на лагер немаа во Порше, но го донесоа за 24 саата и го монтираа. При монтажа го извадија кедерот што оди околу вратата, а немаше потреба, и беше наместен криво. Не приметив кога ја земав колата, приметивме со Аце кога лепевме фолија на тоа стакло. Веднаш се вратив во Порше и пријавив неквалитетно завршена работа - и веднаш нарачаа нов кедер. Кедерот го сменија после 15-тина дена бидејќи истиот ден одев на одмор.

Сигурен сум дека истата реакција би била и со било кој друг, во било кој друг официјален сервис доколку направат грешка. Јас не реков дека нема да направат грешка - реков дека барем позади официјалниот сервис стои поголема компанија која сноси некаква одговорност за тоа што е сработено. Не кажав дека не е така ни во Едел-Пром, најверојатно е, но јас само пренесов мое искуство и дадов моја сугестија - повторно, особено бидејќи се работи за специфичен автомобил.

Баш ќе се распрашам за статистикиве, мада не ми се верува дека ќе ми ги дадат. Ама ќе прашам.

Едит: Да дообјаснам...

Јас нити реков дека 3rd party компаниите не ги бива, ниту ништо такво. Искуство со Едел-Пром не сум имал, па затоа не ни препорачав, сигурен сум дека си работат одлично луѓето - еве, неколкумина ги пофаливте. Јас само сугерирав да се обрати во официјален сервис - ем заради потенцијалната специфичност на возилото, ем заради тоа што во оргиналниот пост си пишува дека „Факт е дека фабричката е заменета, а исто така и дека таа што е сега монтирана е со квалитет еквивалентен на оригиналната.“

Ова мене ми сугерира дека е ставена неоргинална шофершајбна во некоја 3rd party компанија, и дека има некаков потенцијален проблем. Толку.
« Последно менување: 02 Мај 2018, 14:15:41 pm zeroSignal »

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #9 на: 02 Мај 2018, 14:12:32 pm »
Со едел пром сум си имал работа неколку пати, многу се профи. Не знам дали затоа што газдата се мота таму цело време или се добро обучени ама секогаш се било во најбрз рок и без замерки.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5619
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #10 на: 02 Мај 2018, 14:19:26 pm »
Odi vo novus baraj go Sashe sef e na stakla kazi vlatko te pratil kje ti se reshi problemot.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #11 на: 02 Мај 2018, 15:19:21 pm »
@SaleSk
Фала ти Сашко! Таа информација и ја барав.

@Vlatce-Vectra
Владе, за Новус имам слушнато многу пати дека импровизираат и дека не се потковани со знаење. На пријател му инсталираа заменско радио и го поврзаа аматерски и му го трошеше акомулаторот. Моравме со пријателот да мозгаме сами нешто што не ни е струка за да го решиме проблемот ние, и го решивме. Ама Новус парите ги зеде за незнаење. Така да последно место каде што би отишол е Новус.

@zeroSignal
Фала ти и тебе друже. Имам една главна причина зошто никогаш нема да стапнам во овластениот сервис на Тојота во Македонија. Мислам дека еднаш кажав. Иако природно, како што кажа и сам, тоа е првиот логичен избор. Така и би требало да биде, па макар и да не се технички подготвени за тој вид на сервис, барем да имаат некој со кој соработуваат и ги поседува потребните сертификати. На запад сервисерите мораат да посетуваат обука и добиваат сертификати за способност /вештина/знаење за монтажа на ветробрански стакла. Не е тоа толку едноставна постапка.

@MAPJAH
Фала Марјан.

@Simo - Carrier159
Фала Симо. Се согласувам со тебе.

@Mikius
Бев еднаш во Тојота-Скопје. Никогаш повеќе. Ем се најскапи, ем се лопови, ем не знаат да си ја работат работата. Башка сервисерите им станале овластени (со добиени сертификати во Софија) пред можеби 2-3 години. За мене е тоа е премалку искуство за цената на нивната услуга. Цените на оригинални Тојота делови им се 2-3 пати повисоки од оние по кои јас можам и си ги набавувам. Тоа и се очекува од овластен сервис, секаде е така низ светот кога станува збор за цените на услугите и резервните делови, бидејќи како што кажа и @zeroSignal , тие сервиси стојат позади услугата. Кај нас не стоеја додека не спомнав тужба па ми ги враќаа парите на трансакциони заедно со маслото кое ми го украдија. Е со такви лопови си имаме работа во Македонија. Таква е македонштината, секогаш спремна да фати скратен пат, да импровизира, да подкрадне, да се поштеди од работа и заработи некој денар плус на штета на потрошувачот. Затоа сме каде што сме.

@velestrumf
Фала друже штрумф :)


Made in Japan ☮

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #12 на: 02 Мај 2018, 15:26:22 pm »
Мора да ги држиш за јајца иначе маф работата.
Ради порше јас 3 пати дремев во дефект на автопат додека не ги уценив преку врски... После тоа дури средија работа, а пари не вратија за 3-те фушерајски „промени“ на сензори на брегаста на Поло.


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5619
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #13 на: 02 Мај 2018, 15:28:56 pm »
Ccccc Novus ako ne se potkovani so znaenje neznam koj togas. Firmata postoi preku 15 god. Ne deka gi branam nemam nisto so niv ama do sega nekolku vozila licno moi i uste kup od prijateli i drugari bile tamo dali za alarmi, za stakla, za limarija, farbanje, plin i site izlegle nasmeani i zadovolni. Ali pekji tvoj izbor kaj sakas odi golem e gradov se nadevam kje go resis problemot.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ре-инсталација на шофершајбна
« Одговори #14 на: 02 Мај 2018, 16:18:46 pm »
Испаѓа дека во Македонија е погрешно да се рече таа и таа компанија е поткована со знаење.
Компанијата не ти ја поправа тебе колата, туку вработените таму. Имајќи во предвид колку често се менуваат луѓе по компанииве и колку незадоволни работат, ич не сум изненаден ако некоја реномирана компанија усере нешто тоталка. Има многу што се шлепаат на стара слава и дека ако некогаш имале упорна реклама на радио дека 100 години ќе бидат „најбољи“. Така да ништо чудно да изненади некоја но-нејм компанија со квалитетна услуга, а и некоја реномирана да се упрска.