Официјален сервис никогаш не е WRONG. Ако ништо друго, барем сносат некаква одговорност за направеното.
Особено бидејќи се работи за специфично возило што не е многу продавано кај нас (Lexus IS200, претпоставувам), може да има некакви специфичности шофершајбната (да речеме, греачи, итн) и може да бара нешто повеќе од она што независните сервиси/мајстори го знаат.
Или ако грешката со неправилно наместена шофершајбна е направена во официјален сервис, да си ја средат.
Ми се допаѓа како размислуваш, од една страна, но од друга и не баш.
БТВ, еве ти една добра идеја за на портал, анализа, работа на терен, истражување на пазарот и стручност на овластените сервиси во МКД.
Чисто како идеја, а знам дека ке ти биде прифатена од страна на повеќето официјални сервиси. Анкета за просечно направени редовни сервиси во еден месец, каросериски поправки, механички сервиси, заменети ветробрански стакла итн... (значи ветробрански, не странични)....
Do you like it?
p.s. Колку што ме служи помнењето ти имаше некаков проблем со стакло/врата/ вателс, и во овластениот сервис лајсната околу прозорот како ти ја вратија?
Чисто да ти го освежам помнењето. Па мораше да ургираш за се да биде коректно сработено, нели?
No hard feelings, just saying...
p.s II Инаку неспорно е дека во овластен сервис колата треба да ти биде направена како од фабрика, но оваа констатација за жал е невозможна кај нас... Имаше во една друга тема дискусија во врска со импровизација...
Импровизација е клучниот фактор во ДНК-та на македонштината.
Така да за замена на шофершајбни можам да им верувам само на тие кои во денот менуваат најмалку 50 и главна дејност им е само промена на шофершајбни.