Мечето од пештерата, избркано надвор, а пештерата резервирана за октавиата
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.htmlБидејќи колата е во топ состојба, за овие 9 години никогаш не ме оставила на пат, решив да не ја продавам (за многу мала цена), ќе ја чувам како второ возило и возило за сопругата.
- купена со 112.600 (не е потврдено, ама изгледа моторот е сменет во 5та година, под гаранција, што значи овој мотор сега е -50,000км);
- моментално има ~190.000km
Еве една хронологија на настани, како сум се грижел за неа:
- редовни сервиси на улје, филтер за улје, филтер за воздух, филтер за клима;
- 2013 - монтиран плински уред во Плимонт - редовно сервисиран и тој во Плимонт - досега не сум имал апсолутно никаков проблем со него, работи како од прв ден;
- 2014 - гуми Continental Premium Contact 5, 195/50/15
- 2014 - антифриз G12;
- 2014 - предни репарирани амортизери, десен држач за амортизер, и некои други ситници на предница, гумици, баланштангла...
- 2015 - плочки на кочници, затегачи на каиш и друго околу него...;
- 2016 - свеќици, 2 држачи на мотор;
- 2016 - бомбина - прво почна да сецка моторот, не примаше рамномерно гас, па се исклучи плимонт и не дозволуваше негово активирање;
- 2018 - лева јабучица, спона, стабилизатор .... јабучицата од памет ме извади. Низ Скопје осетив нешто не е во ред, на проверка не забележаа ништо (гужва имаше и не ја кренаа цела кола), заминав Охрид и на враќање, со брзина од 140 на автопат, во блага кривина, почна да тресе колата како дупната гума.... застанав, сите гуми во ред, со помала брзина правец на проверка и средување предницата;
- 2019 - гуми Nokian WetProof 195/50/15
Предницата, освен тоа горе, редовно е проверувана и средувана тоа што и фали.
2 пати сменето акумулатор, вториот превентивно пред да откаже. Бидејќи првиот акумулатор кога откажуваше, најверојатно паѓаше напонот, а колата има некој безбедносни заштити, на помал напон не работат дел од системите, BAS/EPS и колата како да работи на 2 клипа, гаси... и малце ме измачи првиот акумулатор кога откажа пред да дознаам што го предизвикува проблемот.
Најголем проблем што ми направи е клапната. Колата возам, светнува BAS/EPS, работи како на 2 клипа, не оди. Застанувам, гасам / палам и продолжува најнормално, па зачестуваше тоа, гасеше во лер гас, не примаше гас... и уште неколку варијанти и не секогаш исто и не секогаш истите работи.
Мајстори кажуваа сензори треба да се менуваат, компјутер да се менува, клапна да се менува..... ништо од тоа не направив, туку спреј за чистење/обезмастување кочници, отворам клапната, прскам, чистам и наредни година-две нема апсолутно никаков проблем. При првиот знак за проблем, повторно чистење на клапната и повторно година-две нема никаков проблем.