Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 78525 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10627
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #345 на: 01 Мај 2026, 09:33:33 am »
Гледам во темава прва сијалица рикнала во 2021 на 49.000. Нешто подоцна и втората за која не сум пишал.
Вчера на 73.000 дојде ред повторно на левиот фар да се менува сијаличка.
Бидејки беше доцна беше за на сервис, си реков сам ќе се обидам да сменам.
После толку години незамарање со нови коли и носење исклучиво на сервис, ми се избришала комплетно меморијата каде има продавници за автоделови.
После неколку минути мозгање ми текна на дуќаните спроти Џамбо. Си реков супер, ионака имав нешто за пазарење во Веро ќе скокнам и до дуќаните, (во денешно време треба мозгање и за паркирање).
Додека бев во Веро здогледав дека држат и сијалици на полиците за автомобили. Купив Лукас.
Денес се окозив додека го искорнав фарот, се отштрафено не сака да излезе.
На Јутјуб изгледа ептен лесно, но тешкиот дел го отсекле да им го турам.


Наназад низ темава болна точка биле метлици откако исчезнаа метлиците на Шампион.
 Да истакнам дека метлиците купени пред две години од Ауто Трејд сеуште добро бришат.
Полираните фарови заштитени со фолија не претрпеле никаква промена, односно немаат повторно маркирани.
« Последно менување: 01 Мај 2026, 09:45:22 am Mikius »

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #346 на: 01 Мај 2026, 11:26:29 am »
И на Сузукито кога менувам душа вади, истиот глуп механизам со осигурач, кој контраинтуитивно се отвора во лево и на двата фара.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10627
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #347 на: 18 Октомври 2026, 01:00:39 am »
Мал апдејт.
Некои 100 км подоцна по променетата лева сијаличка, сменета е и десната со иста Лукас сијаличка од Веро.
Крај на септември регистрирана, при што и реков на сопругата да биде внимателна и фина со гестаповците со тоа кодовите за меил и телефон, бидејки ако не ја верификуваат успешно не ќе може успешно да ја заврши регистрацијата, и ќе пропаднат уплатите за тех преглед, полиса, и третата точка што ја нарекуваме патишта, и според уставниот судија, за превоз ќе треба да и купам коњ.

Понатаму, Летово понекогаш  и срамежливо почна да сецнува во возење.
Пред 3 недели зачести, но никако чек енџин да запали.
Сите со кои зборував за проблемчето сметаа дека е до бензинот, на фамозниот неквалитет на горивата кај нас.
Скокнав до сервис, ми рекоа дека без запален чекенџин, се сведува на многу можни претпоставки, односно вози така додека светне...сепак спомнаа чистење клапна на телото за гас.

Засукав ракави, извадив, шприцав средство за егр чистење (предлог од Ai), истекоа некои црнила. Потрошив пола спреј, намонтирав назад, решен проблем.
Толку од митот за неквалитетот на горивата...

Другото е се ок, освен дополнителни 3-4 "лузни"  на каросерија од нашиве вешти возачи по паркинзи.
И мало мастење, најверојатно од дихтунг на капак на глава.