Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 61729 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10522
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #315 на: 22 Февруари 2025, 12:26:51 pm »
Ајде и оваа тема да ја живнам.
За разлика од i30, кај i10 има повеќе настани, воедно мала критика за Монбат.

Крај на јули приметив дека се ресетира дневната километража, симптом дека бара нов акумулатор. Се јавив во Монбат за да ставам ист акумулатор, немале на лагер, ќе добиеле почеток на август...во ред, и така планирав 3 недели летување во Грција.
Се вратив од Грција, сеуште немале, наредна недела ќе добиеле...
Нејсе, точејки гориво во i30 на МП на Партизанска, ми паѓа во око изложен Монбат. Проверувам шифри и позиции на клеми, баш таков ми треба, супер, и плус попат ќе ги искористам  насобраните поени од Верна.

Потоа следеше тековна регистрација во вкупен износ од 7.967 денари.

Потоа и мал сервис на 65.300 км
1.380- 3л уље Шел 10/40
   331- филтер уље
   881- филтер воздух
1.670- десен стабилизатор
1.200- работна рака
Или вкупно 5.462

Би додал дека фаровите што Тане ги полираше и заштити со фолија се сеуште стакло
« Последно менување: 22 Февруари 2025, 12:43:53 pm Mikius »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10522
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #316 на: 06 Март 2025, 15:55:36 pm »
Завчера невестата се пожали дека педалата за куплунг почнала да вади звук на гребење.
Вчера сабајлето проверувам, нема ништо.
На враќање од работа повторно и се појавил звукот. Повторно проверувам, има звук, ама ништо драматично.
Денес ми се појави слободно време и решив да ја однесам на сервис.
Се појавила деформација на сајлата, оттука потекнувало стружењето.
2.300 сајла за куплунг
1.500 работна рака

Не дека беше отежнал куплунгот, ама сега е путер, исто како кога беше нова колата.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6807
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #317 на: 06 Март 2025, 17:56:29 pm »
На Сузукито ради таа сајла и сет квачило сменив.

Ама ако, не ми е криво.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10522
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #318 на: 06 Март 2025, 19:37:14 pm »
На Сузукито ради таа сајла и сет квачило сменив.

Ама ако, не ми е криво.
Поради лоша дијагноза или?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6807
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #319 на: 07 Март 2025, 09:51:46 am »
Не беше лоша дијагноза, веќе набавив сет квачило, уље во менувач и сајла, јер нешто кога сервисирам, се трудам да сервисирам како што треба.

Иницијативата беше моја, комплетно, ради мирна глава.

Муабетот ми беше - да беше некој друг, уместо 300+ евра, ќе поминеше со 25 евра трошок, а ќе добиеше 90% од мојот резултат со вложени 300+ евра.

А инаку, состојбата на сајлата се виде по нејзино вадење.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2076
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #320 на: 07 Март 2025, 10:07:23 am »
кој се симптомите на лоша сајла сем звукот, тешко влага во брзина или

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10522
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #321 на: 07 Март 2025, 10:20:49 am »
Состојбата не сајлата не е поврзано со тешко влегување во брзина.

Звук и тешка педала би биле симптоми на оштетена сајла.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6807
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #322 на: 07 Март 2025, 10:37:22 am »
кој се симптомите на лоша сајла сем звукот, тешко влага во брзина или

Ептен тешко влегување во брзина, претежно прва и рикверц, до привремено "разработување" на 'рѓосаната сајла.

И тешка педала.

Состојбата не сајлата не е поврзано со тешко влегување во брзина.

Звук и тешка педала би биле симптоми на оштетена сајла.

Поврзано е, пошто 'рѓосаната сајла знае да не повлече доволно за да одвои квачилото.

На Сузукито беше усукана од 'рѓа, а со тоа и малку скратена, доволно за да се поремети куплунгот, како и претерано да стврдне педалата.

Од фабричкиот сет квачило, ептен видливо и неопходно за замена беше друк лагерот. Ламелата и корпата имаа уште живот. Не многу, ама имаа, што ми кажува дека голем дел од заебанцијата со мењачот беше сајлата.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10522
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #323 на: 22 Декември 2025, 21:06:43 pm »
Зимските ескимо s3+ издржаа 13 сезони.
После речиси 30 години доверба во Сава ескимо решив да купам Барум Поларис5.
Прекрасна гума, никаква замерка и многу ми прави мерак што е потивка од ескимото.

Есента си помина регистрирација, сервисот ќе се прави напролет бидејки бев отсутен а невестата не можела/немала време...
Минатата недела ја освежив со типски теписонски патосници од Карбокс откако ги исфрлив новите  гумени после неколку месеци.
Имаа посрана шара во вид на мали квадратчиња кои требаше да ги чистам со чепкалки за уши.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8216
  • Плинаш!!!
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #324 на: 22 Декември 2025, 21:52:15 pm »
Боље зимска гума од барум не сум возел. А сум возел многу гуми. Не викам дека другите се лоши ама овие се одлични.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10522
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #325 на: 21 Февруари 2026, 08:35:23 am »
Вчера на 72.000 направено сервисче во Ауто Трејд.
1.545 Шел хеликс+ 10-40
   348 филтер за уље
   881 филтер воздух
   948 филтер полен
1.050 работна рака

4.774 тотал

Денес ќе се пазарат летни гуми Лонг Лонг Комфорт 155/70/13
Димензијата станува дефицитарна.

За стручњаците за тестови на гуми.
Пореален тест од тука не може да се најде.
Кола која поминува 5000 км годишно, односно километражата нема големо влијание на својствата на гумите.
Летни гуми 2 х 7 години
Зимски гуми 14 години.

Ете што им прави жешко сонце и врел асфалт на гуми предвидени за лето.
« Последно менување: 21 Февруари 2026, 09:10:29 am Mikius »

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7100
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #326 на: 21 Февруари 2026, 09:56:48 am »
Што им прави, побрзо се трошат?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10522
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #327 на: 21 Февруари 2026, 10:28:21 am »
Што им прави, побрзо се трошат?
Пишав веќе, со 5000 годишно, од кои отприлика 1.500 со зимски, 3.500 со летни, факторот трошење/абење е надвор од равенка.

Губењето на својствата поради фактот време на експлоатација и клима (лето/зима) е поизразено кај летните.
Губење својства = физички оштетувања, односно озонкрак и откорнување парчиња.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7504
  • French diamond
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #328 на: 21 Февруари 2026, 11:45:48 am »
14 години возиш едни исти гуми ?  Ај тоа Лонг Лонг ќе ти го простиме..

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10522
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #329 на: 21 Февруари 2026, 12:35:09 pm »
14 години возиш едни исти гуми ?  Ај тоа Лонг Лонг ќе ти го простиме..
Никола, дали со писмен?
Да не ти требаат наочари да прочиташ?

Ајде одново, со мала годишна километража:
Летните не издржуваат повеќе од 7 лета.
Зимските можат да издржат 14 зими.

Кинеските, ем Аi ми кажа дека конкретни е се подобри од еден куп други, ај да му верувам.
Ем никаде немаа оваа димензија освен турски и уште некој кинески, ниту тигар, ниту Сава, ниту Барум, ниту....