Гласање

Па што мислите како изгледаат возилата кои ги продава Хјундаи во моментов?

Нема поубави и поелегантни возила на светот
1 (1.4%)
Одличен дизај
10 (14.5%)
Просечен дизајн, задоволителен кога би одлучувал да купам
23 (33.3%)
Подпросечени дизајн без препознатливи линии и стил
20 (29%)
Грди се до степен што ќе ги прескокнам кога ќе купувам автомобил
10 (14.5%)
Најодвратни се, гад ми е да влезам во таква грдосија
5 (7.2%)

Вкупно гласови: 69

Автор Тема: Дизајнот на возилата од моменталната понуда на Хјундаи  (Прочитано 23848 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore

И тогаш ми текна! ЛП а да ми го дадеш ти бројот на Лила !!! :D

ROFLMAO :D :D :D :D


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Има тука сомнителни личности, кои би ја лажирале анкетата. :)
Ти чоек ја лажираш целава планета, сега најде за сомнителни личности да зборуваш?

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464

И тогаш ми текна! ЛП а да ми го дадеш ти бројот на Лила !!! :D

ROFLMAO :D :D :D :D


Ме изнасмеа ;D ;D ;D Ако успееш на ЛП да му го извлечеш бројот од Лила обавезно праќај преку ПП или може и јавно зошдо да не? Може како клабери ќе има некој попуст а може и за некој ќе има и гратис!  ;D :D ;D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Па ја преку пријатели идам, на гратис се надевам :D

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
.
« Последно менување: 29 Март 2013, 03:47:22 am Lancerka »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Цената на Елантрата ќе мора да падне, пошто рака на срце, е превисока како за основна варијанта, која не нуди толку многу повеќе од конкуренцијата. Сега (со право) имаат набиена цена, пошто е нов модел, па се игра на карта, да се извлече колку што е можно повеќе.

Предности на Елантра:
- нов модел;
- (многу веројатно) најубав во својата класа;
- 6-степен менувач;

„Пречки“ на патот кон тронот во класата за Елантра:
- само 2 воздушни перници (Kруз има 6 (според информациите на Олимпија моторс), Лансер има 7);
- 15'' тркала (Круз и Лансер имаат 16'');
- ветувачки, но неисполнувачки погонски агрегат (слично како кај Круз, моторот кај Лансер е послаб, ама поживчан и позабавен);
- ентериерот е "too much" за око... кај Лансер е минималистички... Според мене, ентериерот на Круз има најизбалансиран однос изглед/функционалност;
- електрика на предни стакла (Круз во основа има само напред, Лансер има на сите).

Повеќето ставки наведени во основната опрема на Елантра (кожен волан и кожена рачка за менувач, светла за магла, далечинско отклучување со аларм, команди на волан за радио итн), се добиваат и кај конкурентите со доплата ДО цената на основната Елантра (13.990), во зависност од брендот.

СИТЕ автомобили во муабетов припаѓаат во ОСНОВНАТА понуда!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
.
« Последно менување: 29 Март 2013, 03:47:50 am Lancerka »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Vo cela tema nema nisto realno  :D :D :D :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Мислам дека првата и последната опција од анкетата не се реални и се од крајност во крајност.
Нормално дека има многу поубави автомобили од Хјундаи и затоа мислам дека првата опција не е реална, само слеп или ептем голем љубител на Хјундаи би гласал за првата опција и затоа сметам дека не е реална.
А и за последната опција исто така сметам дека не е реална бидејќи Хјундаи не се дотолку претерано грди ... и40, Елантра во никој случај не би рекла дека се грди.

Иако убавината и перцепцијата на истата е строго субјективна работа, сепак се сложувам комплетно со колешката. Особено моментот за и40 и Елантра.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Вкус е вкус, кога се поставува анкета од таков вид мора да ги има и тие опции, па макар и иконично да стојат. Ете мене на и30 ката газот ми е грд најгрд на свет, само бемве 1 ми влага у конкуренција. Добра си е анкетата.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Можеби не се толку грди, како на пример на Чери возилата. Арно ама, јас со мој пари никогаш не би си купил хјундаи. Можеби само купе не старо, за да го правам 509283529 коњи или ако некогаш биди достапна Genesis кај нас.
Со оглед на тоа дека конкуренцијата има страшно подобри возила и во изглед и во механика, мислам дека хјундаи нема лесно да биди врв. Треба во една од категориите да бидат ненормално добри за да се продаваат.
Нека се направи гласање колку од нас со свои заработени 15 000€ би купил хјундаи возило, а не некој од нивната конкуренција.
Јас мислам дека нема да има таков, или ќе има некој чисто само инатчија да биди.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Туку што се појавија Елантра и и40 и од друга страна Велостер на кој му паднала џиовска пегла од небо и на кој заборавиле да му стават уште една врата. Но да не заборавиме дека изминтаиов период и во моментов се нудат и10, и20 и и30 кои немаат никаков препознатлив дизајн, линии и стил и кои според мнозинството не се убави возила.

Што се однесува до анкетава, сите оние кои гласале или ќе гласаат за првата и последната опција гласаат од инает. Јас би ги занемарил нивните гласови и би се фокусирал на гласовите од втората до петтата опција. Па како што стојат работите во моментов, ако се извади некој просек ќе се добие нешто под просек, односно:
Подпросечен дизајн без препознатливи лини и стил меѓутоа задоволителен кога некој би се одлучил да купи Хјундаи.
Според мене, со ова е доловена сосема објективна слика. За да се промени истата ќе треба да излезе уште една цела генерација на гамата од Хјундаи, а притоа да има прогрес во дизајнот и со препознатливи линии и концепт во однос на претходниците.

Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Не можам да генерализирам мислење за дизајнот на семоќниве корејци од причина што Хјундаи едноставно нема препознатлив дизајн кој би го окарактеризирал.

Кога некој би ги тргнал значките од возилата на Хјундаи кои допрва треба да излезат и би ги покажал на човек што првпат ги гледа, никогаш на крај памет нема да му падне за кое возило станува збор.

Тоа е така затоа што се до сега, лутаа со дизајнот на нивните возила, барајќи соодветен препознатлив стил, кој би ги карактеризирал а би личел на авотомобил а не на канта за ѓубре.

Како ќе биде во иднина ќе видиме.



Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Hyundai сега почна да го гради визуелниот идентитет, со големиот „дијамант“ (засечен од долу) на маската. Мислам дека за прв пат се појави на ix35. Па еве, како што може да се примети, од тогаш па наваму, сите модели ја добиваат таа маска... Фејслифтот на i10, новиот i30, ix20, Велостер, и40, Елантрa, фејслифтот на Genesis Coupe итн... Единствено, од новиве модели, Соната не ја носи таа маска, а претпоставувам дека истата маска ќе биде нанесена со фејслифтовите (или новите генерации) на и20, Санта Фе, и другите кои ја немаат.

Иако маската у глобала не ми се свиѓа (особено на и10), сепак според мене, на овој модел изгледа како што треба, и ова возило не би го занемарил воопшто:

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Веле, не можам да го поднесам фактот дека фаровите излегуваат надвор од линиите на возилото ...

dealbreaker е тоа за мене  ...