@gojdo
ako I30,I40,Sonata,Elantra,Ix35 se vozila so podprosecen dizajn, daj primer za prosecen, nadprosecen i najubav. Anketava e dobra sto pokraj onakvi ubavici, nekoj ja zaokruzil najdolnata opcija. Nemora da gi imenuvame Wahobistite, no sigurno se osekaat mnogu bedno
Очигледно е дека имаш проблем да прифатиш туѓо мислење, а уште ти е потешко кога мнозинството перцепира различно од тебе.
Ја имаш анкетава и нејзините одговори. Мислењето за подпросечен дизајн е општото најприфатено мислење од луѓе кои ги сакаат автомобилите и пратат што се случува на автомобилската сцена. Значи ако имаш проблем со мислењето на мнозинството обрати се генерално до сите и постави им ги прашањата кои те мачат. Немој до мене бидејќи јас ниту го представувам мнозинството ниту пак гласав за најгласаната опција.
Ако те интересира како гласав и зошто: Гласав за опцијата дека дизајнот е задоволителен, како и еден голем дел од аудиториумот. Така гласав токму поради некои од возилата кои ги спомна, т.е.
i40 - прекрасен караван на слики кој би сакал да го имам
Elantra - симпатичен дизајн кој може да се измеша со конкуренцијата Фокус Седан, Мазда 3 Седан, Корола, а да не стрчи со екстремна грдосија како својот претходник
ix20 - изгледа симпатично и спореден со дизајнот на конкуренцијата би го рангирал во горната половина
ix35 - исто така задоволителен дизајн меѓутоа ништо спектакуларно кое би го издвоило од конкуренција по било кој основ
Тоа се возилата кои му го подобрија просекот на дизајн на Хјундаи. Меѓутоа има и други од кои дел се подпросечни, а дел се безлични и грди:
Sonata - Лош обид за копија на Mercedes CLS и Passat CC. Со оглед на тоа дека оригиналите имаат одличен и оригинален дизајн Sonata не е грдосија како i30.
Veloster - Единствена утка од новата дизајнерска линија на Хјундаи која треба да биде основа за понатамошните модели. Бев и ја видов во живо и воошто не ми се допадна. Сепак за разлика од минатото каде дизајнот беше лошо искомпонирана збирштина од туѓи дизајни, кај Велостер се обиделе да направат нешто оригинално, но не успеале.
i10 - безличен, и покрај промените на предниот браник нема препознатливи линии. Не ми привлекол внимание за да го загледам и да барам чија копија е
i20 - копија на стара Corsa која генерално не ми се допаѓа како изгледа. Значи и i20 не ми се допаѓа и го вбројувам во подпросечни
i30 - безлична збирштина од разно-разни грди дизајни, еден од најгрдите (можеби најгрд) во класата
ix55 - уште една безлична збирштина од свашта
Врз основа на овие мои лични перцепции го оформив моето генерално мислење за дизајнот на Хјундаи, а тоа е дека кога би одлучувал да купам повеќето возила од Хјундаи имаат прифатлив дизајн кој нема да ме одврати од купување како на пример i30.