Гледам, лани сум се зафркавал со метлиците, речиси една година оттогаш и гумичката од метлицата на возачка страна се закинала, време за нови.
Отидов до Бисоил за Бош.
Железни или банани, се мислев, ај од железните (рамни) бидејки од тие бананите досега што ги пробав како да даваа отпор (или од буката) при движењето, за разлика од фабричките (рамни) кои беа бесшумни.
Дечкото ги монтираше, ги пробав, десната метлица во најдолниот дел оставаше водена линија која левиот ја собираше но нецелосно, очекував потивки да бидат од бананите ама исто, као ајде нека, за 400 и кусур денари да не претерувам.
Пред да тргнам фрлив уште еден поглед и здогледав дека всушност десната метлица е подолга од што треба. Наместо 350мм дечкото се збунил и зел 450мм и фактички затоа десната оставаше водена линија...
Нејсе, испадна дека немаат 350мм ниту од банани, ниту од железни. Ништо од бизнис.
Летово ми затреба задна метлица која ја купив од Кореа (никаде не најдов во кратката потрага) и успут направивме муабет и за предните...се сетив на муабетот и скокнав до кај нив.
Мислев дека ќе бидат како фабричките (рамни како железните но со аеродинамики), испадна дека се банана.
Као белгиско производство биле, исклучиво за Хјундаи i30 (да не кажам оем).
Им велам ако може да ги пробаме, и ако сум задоволен ќе ги купам.
Луѓе, перфекција, ни лигавење, ни маглење, и бесшумни како фабричките што беа, мераци.
Кога ќе помислам низ какви голготи поминав изминативе 3 години, ма какви праксис максис вурт мурт бош мош, ти реков ми рече, сето тоа нема везе.