На паркинг во Ситимол гледам батка како мува нешто околу колата. Му свикав, тој џаде фати.
Помалиот брисач од шофершајбна подигнат, гумицата на пола извлечена од метлицата, плус малку закината по должина. Сакал да вади метлици, не му идело, па фатил да ја извлекува гумицата и ја закинал.
Искрено, досега не сум ги разгледал па и јас не знаев како да ја извадам.
Најдов клипче на интернет, има едно капаче како осигурач кој се подига за да може да се извади метлицата

Оригиналните сеуште бришеа убаво, но си реков време е да си купам нови а старите да ги чувам во резерва.
По извесно разгледување се одлучив за wurth. Најблиску беа до оригиналните по изглед (аеродинамични), и самата гумицата беше тука некаде по мекост.
Ги монтирав, убаво бришат

ќе видиме колку ќе тераат (не трпам да оставаат ни најмала линија)
