Ништо чудно и преку 10.000 да фати, ќе видиме.
Инаку, ми беше во пресметка поскапиот сервис за дизел во однос на бензин.
Кога бирав со што кола да го заменам Меганот, првенствено сакав бензинец да биде, 10.000 годишно.
2.Барав да ми пасува возачка позиција, седиштето на Меганот ме уби. Комоција, гепек...
3. Возни својства...и достапност за тест возење( си дадов збор дека не купувам кола ако соодветниот модел не го пробам)
4. Нормално, цена.
Под точка 1, како пробав 1.2 tsi во Seat Ibiza, веќе не сакав да слушнам за атмосферец. Но, поради слаба понуда на турбобензинци и недостапност за тест возење се вратив на дизел.
Под точка 2, од опција испаднаа еден куп коли, во игра останаа, Golf, Megan4, Clio, Captur, Rapid spaceback, Focus.
Под точка 3 испаднаа Golf и Focus поради немање тест, Captur, беше тром и скапи гуми(димензија), Clio бучен и мал и скап, за исти пари Шкода Спејсбек 1.6 тди.
Во целава салата, се придодаде и i30.
Имено, додека чекав да сменат сијаличка на i10, отидов до салонот и седнав во i30, и точка 2 ,3 и 4 во целост ги исполнија моите барања до совршенство.
Тука отпадна и Шкодата.
Остана само дилемата бензин(атмосферец на жалост, кој ми беше тром) или дизел и израчунав дека разликата во регистрација и зелен картон 100 vs 90 коња да иде во компензација на поскапиот сервис на дизелот.
Ете во "кратки"

црти како се одлучив за i30 1.4 crdi 90 koња.