дали е ставрно волку големо кормилово или така изгледа на сликава ?
позади, маската што треба да глуми утопени издуви е затворена ?
јас на вакво возило повеќе би се концентрирал во тоа како е на задно седиште
колку е удобно позади, колку е тишина позади, дали има затемнети стакла, завеси, занимации за да на те биде досадно кога треба да пропатуваш 600 км во еден здив...
не ни сакам да размислувам дека некој ја гледа колава за да ја вози и како ќе потегнува и колку ќе му троши и како држи во кривина или скраја да е семејно ауто
да, кога ќе наполни 12 години и кога ќе може да се земе 13 иљадарки со нови Нексенки и воздушна суспензија пред менување, тогаш веќе може да правиме муабет за семејно ауто кое ќе биде паркирано на пола тротоар пред куќа
еден добронамерна критика и не си ја земјте при срце:
- кога имате ваков драгуљ на тест, сликајте ја на автопат, онаму каде припаѓа. Напрајте во склоп на видеото и некој кадар под/над надвозниците на обиколница или мостовите кај Демир Капија итн. Мислам дека тесно планинско патче во природа не е соодветно за галерија од бродов
(знам дека сте ограничени со време и простор и однапред се извинувам
)