Мене маливе турбо моторчиња ми се сосем океј. Еве, Микрата што ја возам деновиве има 0.9 TCE со 95 коња (или колку и да е) и сосем океј го движи возилцето. Да, тромавичко е на старт, и мора да се држи on boost за да има перформанси, ама си брка работа. Е сеа, звучи ко фен на кец, ама да сме живи и здрави...
Имајте во предвид дека производителите на возила не ги интересира долгорочноста на нивните продукти, колку и да се маваат у груди со квалитет, итн. Нив ги интересираат првите 3-5 години од купувањето на автомобилот, првиот купувач да нема проблеми со колата и биде задоволен, за пак да купи кола од истиот бренд и да зборува наоколку колку е колата квалитетна. Down the road, ги заболе цефка за потенцијални проблеми што би ги имал вториот, или третиот газда. Вториот или третиот газда не дале пари на производителот - дале пари на некој друг.