Автор Тема: Preporaka za dobar serviser na Renault  (Прочитано 34893 пати)

Отсутен Sasko80

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #45 на: 27 Април 2020, 21:54:15 pm »
Ајде прв мој пост и тоа со неубава содржина но ме испровоцира темата за мајсторот  :)
2017 ноември месец купувам лагуна 3 , колата солидно зачувана , добро оди , ентериер пола кожа , со навигација , 2.0 ,150 кс (до тогаш не сум возел кола со толку кс.) стварно правење кеиф .. после еден месец користење потрошувачката рипа на 13 до 14 литри , почнувам да проверувам дали е стварно толку па гледам по темпоматот , па од ставање гориво до наредно ставање и јбг стварно излева толку.
Во меѓувреме налетувам на овој што се рекламира насекаден ,на фејсбук е под "Reno Servisna Garaza Karpos 4 Skopje" , цени патос , акција на ова , акција на она , па наградни игри со ваучери , па се едни исти слики 3-4 години по ред , со се едни исти слики на оригинални авто делови , па голем сервис со оригинал делови за 12.000 ден итн итн , зборувам за преварантот ТАХИР на кого налетав преку renault club macedonia на фејсбук. И му звонам јас се договараме да ја погледне колата и пошто не сум од Скопје одредуваме ден и отидов.
Се видовме му го повторив проблемот и тој зема ја стави на неговата renault clip sonda или како што тој кажа "оригинал" дијагностика (најмногу заради тоа и отидов) и првo што кажа беше дека ми продале расипана кола со враќани километри и дека колата била дефектна (а во тоа време тој имаше меган 3 гт караван од австрија купен со "не враќани километри" и тоа неколку пати го потенцираше  ;D ) , али во ред што е тоа е , кажа дека му треба некое време за да се осигура за дефектот а во меѓувреме отидов сити мол да го шетам  :-\  , после некој саат се враќам и тој ми вели дека е отиден компјутерот односно дел од чиповите кои што се на него , еден чип коштал 60 евра , ќе сум добиел писмена гаранција и требало да се сменат 4 или 240 евра вкупно , за истите потребно било време затоа што беше јануар многу ладно и не можел да ја сработи во една ден работата заради лемовите , па да сум ја оставел колата и да дојдам наредниот ден , при тоа ми побара а и му оставив капар од 50 евра како гаранција .
Се согласив на ова најмногу заради стравот кој што тој ми пренесе како тоа колата со чиста среќа и до сега одела , можела да направи дефект од 70 , 80 илјади денари , можела на сред пат да се угаси , со компјутер нема играчка итн ... Фатив автобусот и си заминав , интересното стана после пладне кога ми пушти слики на вибер и ми вика еве погледни од киселина отидена е и плочата и треба цел компјутер да се менува а тоа кошта од 800 до 1000 евра , ова веќе стана сумливо и пошто беше на вибер не му одговорив одма , отидов по локалните мајстори од еден на друг кажувајќи им го проблемот и скоро на секој му беше чуден муабетот а некој не ни веруваа , вечерта му пишам дека немам толку пари и дека каква е таква е колата утре идам си ја зимам. Отидов утре дента се видовме повторно ми инакажа како да не сум си играл сериозна била работата , сум можел цела кола да ја фрлам и дека ако не сум бил при пари за нов компјутер ке ми најдел тој и половен али без гаранција  :o
Капарот од 50 евра ми го задржа , 1500 ден. за дијагностиката и 1500 ден. што го отворил компјутерот. Си заминав сеуште под страв дека може нешто да и се деси на колата , приметив дека извозил 20 километрти со колата зошто си ја сликав со телефонот километражата кога му ја оставив , си велам ок до тоа нека е само. Кога стигнав дома прво што направив ја однесов колата на електроничар му велам заебан ми е компјутерот така ми кажаа во Скопје тој кажа ок ајде да погледнеме , ја отвори хаубата ја извади пластиката , па акомулаторот и кога дојде до компјутерот примети дека тој воопшто не е ни чепнат , цел со прашина , штрафовите околу него како од фабрика ни гребнати ни раштрафени , убаво му се изврти неколку пати и ми вика овој компјутер ниту е ваден ниту пак е отваран , ми олесна малку , најмногу во делот на големи трошкови и купување на друг компјутер , но сепак проблемот со потрошувачката остана , отидов и до бошист да ги проверам и дизните , ја ставија на компјутер и се беше ок , закажав термин и во аутомотив груп , дојде веќе средина на фебруар потрошувачката падна на 10 литри отидов и тие таму не најдоа ништо односно најдоа грешка дека не светела задната магленка  :)
Во врска со потрошувачката ми кажаа кога ке дојде на 13/14 литри дојди пак па ќе видеме тогаш , а за ова до сега најверојно било заради тоа што на ресетирана локална километража (а кога ја купив ја ресетирав) и на изминати 300 - 400 километри со просечна брзина од 20 км/h или два месеци само низ мал град , на кратки релации до градинка за девојчето 10 мин , до работа пак толку , на ладно време како што се погодија декември и јануар другачие и не може да биде , ова веќе беше олеснување.
Како се стоплуваше времето така потрошувачката почна да паѓа , дојде лето отидов на одмор на релација од 800 километри во еден правец , стигнав со просечна потрошувачка од 6.3 литри , со 6.5 се вратив . Поминаа 2.5 години од тогаш колата си нема проблем  , но сега ја знам поубаво , знам кога троши кога не  :)
Испадна многу но нека е за ум на други , на мајсториштето бројот е сеуште му е ист 070 363 512 , има на вибер слика кој сака може и да го види , мала забелешка и до членовите на Renault club macedonia на фејсбук до оние од Скопје зошто повеќето и лично го знаат и понекогаш во тоа време и се препираа со него , а кога ги прашував за мислење за тахир сите викаа незнам , нема што да кажам. Незнам можеби мислеа дека сум некој негов човек што прашува од околу што знам , но сепак еве јас јавно кажувам и воопшто не ми е гајле дали тој лично ќе прочита или други ќе му кажат.
Како за прв пат и премногу е , поздрав!
« Последно менување: 27 Април 2020, 22:34:43 pm Sasko80 »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #46 на: 27 Април 2020, 22:04:41 pm »
Тоа се тие мајстори за една употреба.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #47 на: 27 Април 2020, 22:23:31 pm »
Овој по искуствава на членовиве повеќе е преварант отколку мајстор.


Изгледа газдиве на Рено се многу трпеливи штом овој е сеуште читав и прави мајмунлаци. Слабо возат браќана Рено, инаку не тера долго преварантов ;D

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 311
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #48 на: 27 Април 2020, 22:57:56 pm »
Ќе ти се погоди некој ваков мајстор, шупак над шупаците и заради него ќе го замразиш брендот...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #49 на: 28 Април 2020, 07:30:29 am »
Арно на тахир што му излезе 1000евра дефектот, инаку ќе дадеше 250евра за ништо. Ефтино си поминал.  ::)

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1480
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #50 на: 28 Април 2020, 11:05:09 am »
Ја мислам, а и ептен се надевам дека некогаш ќе налета на некоја набилдана животиња со краток фитиљ кој ќе му ја е*е мамицата за сите превари и за сите пари ;D ;D
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #51 на: 28 Април 2020, 11:21:14 am »
Џабе се надеваш, си знае он каде може да мавне сатар :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #52 на: 28 Април 2020, 11:21:32 am »
Да поправаше ауди или бмв, ќе налеташе... Нема набилдани со рено, послабо..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #53 на: 28 Април 2020, 12:20:15 pm »
@Sasko80 требало кога си дознал дека не е чепкано ништо, да му се јавиш да го направиш парче. Ако ништо друго, ќе му дигнеш притисок, ќе го направиш од магаре подоле, па вака да прошириш по луѓе што возат Рено. Денес може збира многу, утре нема да има за леб со такви превари ако се расчуе.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #54 на: 28 Април 2020, 17:00:33 pm »
Се чудам како си се воздржал да не отидеш во сервис и не си ги барал парите. Викни му ДПИ па он ќе те моли да ги врати.

Отсутен Sasko80

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #55 на: 28 Април 2020, 23:54:26 pm »
Арно на тахир што му излезе 1000евра дефектот, инаку ќе дадеше 250евра за ништо. Ефтино си поминал.  ::)
Се заеба самиот себе заради големата алчност , можда и јас тогаш во тој момент наивен но и тој самиот се заеба
Да поправаше ауди или бмв, ќе налеташе... Нема набилдани со рено, послабо..
Е тука бар 80% си во право за жал или не незнам :)

До АнгелСк и Леонид абе со кого да се караш се да му ебам , само живци ќе кинам или треба во белја да се ставам доколку ме изнервира , поминаа 3 години од тогаш и овој муабет е доста раширен па нека тера да го видам до кога


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #56 на: 29 Април 2020, 08:07:13 am »
Си тера така веќе преку 15 години.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #57 на: 29 Април 2020, 08:49:03 am »
Една кола ја наплаќа колку за 10 други, и да нема работа, ќе дојди еден, ќе го закрпи ќе го покрие месецот.  ::)

Отсутен Sasko80

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #58 на: 29 Април 2020, 22:36:15 pm »
.
« Последно менување: 29 Април 2020, 23:03:06 pm Sasko80 »

Отсутен Sasko80

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #59 на: 29 Април 2020, 22:48:28 pm »
Ова се сликите кои што тој ми ги прати истата ден на вибер , еве ми покажува дека не се само чиповите отидени туку и цела плоча т.е цел компјутер бил за менување , ке ви го пуштев и муабетот само што поминато е доста време и има исчезнато од вибер  :)






И замислете еве со ваква оштетена/уништена плоча колата сеуште оди.
« Последно менување: 29 Април 2020, 22:59:16 pm Sasko80 »