Ајде прв мој пост и тоа со неубава содржина но ме испровоцира темата за мајсторот
2017 ноември месец купувам лагуна 3 , колата солидно зачувана , добро оди , ентериер пола кожа , со навигација , 2.0 ,150 кс (до тогаш не сум возел кола со толку кс.) стварно правење кеиф .. после еден месец користење потрошувачката рипа на 13 до 14 литри , почнувам да проверувам дали е стварно толку па гледам по темпоматот , па од ставање гориво до наредно ставање и јбг стварно излева толку.
Во меѓувреме налетувам на овој што се рекламира насекаден ,на фејсбук е под
"Reno Servisna Garaza Karpos 4 Skopje" , цени патос , акција на ова , акција на она , па наградни игри со ваучери , па се едни исти слики 3-4 години по ред , со се едни исти слики на оригинални авто делови , па голем сервис со оригинал делови за 12.000 ден итн итн , зборувам за преварантот ТАХИР на кого налетав преку renault club macedonia на фејсбук. И му звонам јас се договараме да ја погледне колата и пошто не сум од Скопје одредуваме ден и отидов.
Се видовме му го повторив проблемот и тој зема ја стави на неговата renault clip sonda или како што тој кажа "оригинал" дијагностика (најмногу заради тоа и отидов) и првo што кажа беше дека ми продале расипана кола со враќани километри и дека колата била дефектна (а во тоа време тој имаше меган 3 гт караван од австрија купен со "не враќани километри" и тоа неколку пати го потенцираше
) , али во ред што е тоа е , кажа дека му треба некое време за да се осигура за дефектот а во меѓувреме отидов сити мол да го шетам
, после некој саат се враќам и тој ми вели дека е отиден компјутерот односно дел од чиповите кои што се на него , еден чип коштал 60 евра , ќе сум добиел писмена гаранција и требало да се сменат 4 или 240 евра вкупно , за истите потребно било време затоа што беше јануар многу ладно и не можел да ја сработи во една ден работата заради лемовите , па да сум ја оставел колата и да дојдам наредниот ден , при тоа ми побара а и му оставив капар од 50 евра како гаранција .
Се согласив на ова најмногу заради стравот кој што тој ми пренесе како тоа колата со чиста среќа и до сега одела , можела да направи дефект од 70 , 80 илјади денари , можела на сред пат да се угаси , со компјутер нема играчка итн ... Фатив автобусот и си заминав , интересното стана после пладне кога ми пушти слики на вибер и ми вика еве погледни од киселина отидена е и плочата и треба цел компјутер да се менува а тоа кошта од 800 до 1000 евра , ова веќе стана сумливо и пошто беше на вибер не му одговорив одма , отидов по локалните мајстори од еден на друг кажувајќи им го проблемот и скоро на секој му беше чуден муабетот а некој не ни веруваа , вечерта му пишам дека немам толку пари и дека каква е таква е колата утре идам си ја зимам. Отидов утре дента се видовме повторно ми инакажа како да не сум си играл сериозна била работата , сум можел цела кола да ја фрлам и дека ако не сум бил при пари за нов компјутер ке ми најдел тој и половен али без гаранција
Капарот од 50 евра ми го задржа , 1500 ден. за дијагностиката и 1500 ден. што го отворил компјутерот. Си заминав сеуште под страв дека може нешто да и се деси на колата , приметив дека извозил 20 километрти со колата зошто си ја сликав со телефонот километражата кога му ја оставив , си велам ок до тоа нека е само. Кога стигнав дома прво што направив ја однесов колата на електроничар му велам заебан ми е компјутерот така ми кажаа во Скопје тој кажа ок ајде да погледнеме , ја отвори хаубата ја извади пластиката , па акомулаторот и кога дојде до компјутерот примети дека тој воопшто не е ни чепнат , цел со прашина , штрафовите околу него како од фабрика ни гребнати ни раштрафени , убаво му се изврти неколку пати и ми вика овој компјутер ниту е ваден ниту пак е отваран , ми олесна малку , најмногу во делот на големи трошкови и купување на друг компјутер , но сепак проблемот со потрошувачката остана , отидов и до бошист да ги проверам и дизните , ја ставија на компјутер и се беше ок , закажав термин и во аутомотив груп , дојде веќе средина на фебруар потрошувачката падна на 10 литри отидов и тие таму не најдоа ништо односно најдоа грешка дека не светела задната магленка
Во врска со потрошувачката ми кажаа кога ке дојде на 13/14 литри дојди пак па ќе видеме тогаш , а за ова до сега најверојно било заради тоа што на ресетирана локална километража (а кога ја купив ја ресетирав) и на изминати 300 - 400 километри со просечна брзина од 20 км/h или два месеци само низ мал град , на кратки релации до градинка за девојчето 10 мин , до работа пак толку , на ладно време како што се погодија декември и јануар другачие и не може да биде , ова веќе беше олеснување.
Како се стоплуваше времето така потрошувачката почна да паѓа , дојде лето отидов на одмор на релација од 800 километри во еден правец , стигнав со просечна потрошувачка од 6.3 литри , со 6.5 се вратив . Поминаа 2.5 години од тогаш колата си нема проблем , но сега ја знам поубаво , знам кога троши кога не
Испадна многу но нека е за ум на други , на мајсториштето бројот е сеуште му е ист 070 363 512 , има на вибер слика кој сака може и да го види , мала забелешка и до членовите на Renault club macedonia на фејсбук до оние од Скопје зошто повеќето и лично го знаат и понекогаш во тоа време и се препираа со него , а кога ги прашував за мислење за тахир сите викаа незнам , нема што да кажам. Незнам можеби мислеа дека сум некој негов човек што прашува од околу што знам , но сепак еве јас јавно кажувам и воопшто не ми е гајле дали тој лично ќе прочита или други ќе му кажат.
Како за прв пат и премногу е , поздрав!