Има и во Голф 265 коња мотор, ама ти се фаќаш за 1.4 со 180 коња. Симо збори за овој мотор конкретно. Сликата е ептен погодена.
На седиштата им фали странична поддршка. Им фали и моментот да ти пропадне газот и да се осеќаш безбедно. Конкретно во овој модел, седиштата се кожни, ама џабе. Се осеќа човек ко да седи на столица у ресторан.
Потрошња околу 6.8 литри во град, што со оглед на тоа дека е Недела и дека по улициве нема жива кола пошто врне, е сосема очекувана.
ЕДИТ: Околу цената - i30 почнува од 12.990 (според
ценовникот). Конкретниов модел би коштал најмалку 14.500 + ксенон, панорамски кров, палење на копче, камера, кожа, двозонска клима и некои остали тракатанци, сигурно ќе кошта ~18-19.000, а тоа е веќе стварно многу пари.
Реално, конкретниов модел не треба да биде земен како репер за тоа што ќе се продава во Македонија. Замислете го истово возило на 15“ челични бандажи со раткапни, без ксенон и панорамски кров, и без квадратен сантиметар кожа во внатрешноста, и ќе дојдете до основниот модел.