Лансерка, не сум бил одамна по салоните, не само кај Хјундаи, туку и кај другите, но во случајов ти верувам дека се доплаќа за бојата 300 евра. Еве ти си била пред месец и половина.
Овај ЛП или лажи или не се доизјаснува како што треба.
Ако планира да лажи за бојата, нека лажи.
Ама ако планира да се доизјасни, тогаш требаше да каже:
"Хјундаи и30 + металик боја = неколку иљади евра помалку од било кој конкурент од класата (во основен пакет, со истата опрема која ја има) + металик боја гратис."
Тоа се финти за мали деца кои ги користат продавачите.
Ќе дадеш пари за металик боја, но севкупно ќе платиш помалку отколку оној кој би добил гратис металик, но ќе го одерат на цена. Зборуваме за модели од иста класа, со исто ниво на опрема.
А ако веќе сакаш да зборуваме за лудост, безобразлук и непознавање на работи, тоа е следново.
За цена од Мазда 2, со две перници, 3 ѕвезди со двете перници на краш тест, мотор косилица, цена од 13.000 евра, ќе купиш модел од истата година на Маздата, но ќе се вика Хјундаи и30, повеќе опрема, класа поголема кола, 4 воздушни перници и воздушни завеси, мотор од 1.6 црди со 115 кс и 255 нм.
Во случајов јас бирам да платам металик. Што би одбрала ти?
Јас ќе ти одговорам на овој вербален пролив со еден цитат на корисник со чие мислење овој пат се согласувам во потполност, освоен во искажаниот риспект, кој според мене не го заслужуваш. После овакви испади идеш на игнор листа кај мене. Биди исфрустриан и понатака и флејмај кај ќе стигнеш
Можеше само да напишеш немам одговор на твојот пост. Следен пат читај внимателно.
А Фаланга откако ќе го прочита постот мој како одговор на твојот, ќе увиди дека нити прв сум го спомнал Тоше, нити сум го користел за споредба на неговите перници со ФВ, нити сум рекол дека не бил во колата, нити сум се сител на неговата смрт, туку некој друг пред мене спомнал, зборувал, споредувал, а јас само сум напишал да се држат до темата.
Тогаш ќе го нема цитатот на Фаланга, а ти ќе нема со што да се согласиш.
Кутар тој.