Автор Тема: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline  (Прочитано 25327 пати)

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #75 на: 24 Јануари 2019, 21:24:48 pm »
Можи е рафинирано и најдобро ама за цената на возилото на тестов се купува Ceed со второ ниво на опрема, кој е порафиниран и со повеќе изолација. Па дури и се купува Астра со турбо бензинец.

И јас тргнав со оваа мисла се додека не стигнавме да си пружиме рака во KIA за новиот Ceed. Првиот ден отидов во салонот, го разгледав и ми фати око. Веќе вториот ден договоривме и правевме тест вожња на 1.4 атмосферецот (инаку премногу тром мотор поради мапирањето, ама ајде бев спремен да поминам преку тоа) и веднаш штом завршивме седнавме да преговараме.
И тука почнува глумењето HARD TO GET од нивна страна како да продаваат 500 возила дневно. После натезања дека нема НИКАКВО преговарање за цена/опрема, па дека има простор, па повторно дека нема, па дека ќе ме побараат со понуда крајна цена, па дека сум измислил дека ветиле корекции на цена и така до недоглед... Секоја комуникација со нив беша во стилот,"ќе те побараме утре и ќе ти дадеме понуда" па ги нема никаде по 10 дена...  Изгубив месец дена на глупости за работа што можеше да се заврши за 2 дена. Мојот услов беше само да ја добијам металик бојата гратис во цената (350е) што мислам дека е МНОГУ разумно зошто сите други марки каде поминав нудеа дооооста поголеми попусти при преговарање за цена. Многу, многу неозбилен впечаток, стекнуваш впечаток дека како да не сакаат да продадат кола. По вакво неозбилно искуство од КИА уште пред да купам кола од нив може да замислам што би ме чекало одкако би ме добиле како клиент за во сервис. Веројатно хорор. Сега некој да ме прашува од нив не би зел ни резервно тркало...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #76 на: 25 Јануари 2019, 07:13:21 am »
Абе види ако ја немале колата на лагер они нема да ја нарачуват и носат специјално за тебе. Ќе присоберат 5-6 понуди  и тек тогаш нарачуваат и после носат со шлепер. Јебига.

Со Порше доброто е што и да нарачаш по твоја мерка поло/голф голема е веројатноста дека ќе стигне на време пошто продаваат цело време и носат со шлепери.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #77 на: 25 Јануари 2019, 08:29:49 am »
Тој што сака да работи знае како да продаде.

Секоја чест за дечкото во цитроен, Александар ли се викаше. Колку се трудеше со мене што ми беше мака што не купив кола од таму.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #78 на: 25 Јануари 2019, 09:22:52 am »
За да го задржам наративот на дискусијата ќе го поделам мојот исказ на два дела.

1. Карактеристики/квалитет на возилата.

2. Однос на застапниците со клиентите во Македонија.


Кец
Да бидам искрен ги имам возено речиси сите актуелни модели од возилата од оваа класа.
Бидејќи акцентот беше ставен на Поло-то како супериорно во однос на конкуренцијата, ќе се обидам оваа глупост да ја разобличам.

Новото ВФ Поло е надувана Шкода Фабија со фино перфорирани пластики и ужасен мотор од 1000 кубука атмосферец во како стартен модел во понудата.
Завршната обработка кај Полото не е ништо подобра од онаа во Фабијата. Има малку покомотна задна клупа, која не е нешто удобна кај ниедно возило од оваа класа.
Сеат Ибица е микс од Поло и Фабија, и мислам дека има најголем гепек што може да се добие во оваа класа, заедно со Полото можеби се тука некаде.

За разлика од Фабија, Ибица и Поло, ентериерот и завршната обработка и целокупниот филинг во кабината е на многу порафинирано ниво во новиот Киа Рио. Тоа е мој субјективен заклучок. Едноставно имам чувство дека нема непотребни пластики и прегради кои одземаат простор кој и така го нема кај овие возила.

Цитроен Ц3 нуди најудобно седење на сите 4 патници. Пријатни седишта, комотни, и имаш чувство како да имаш воздух околу себе. Не добиваш чувство дека си во мало возило.

Најдобар хендлинг од сите во класата има Фиеста. И тоа не верувам дека никој ќе успее да го смени во наредните години. Новата фиеста е фантастично склопено возило. Материјалите се пријатни, шалт таблата е фантастично позиционирана во однос на возачот.

Пежо 208 е удобна кола (комфорно седење)  со лош ентериер и многу лошо поставени инструменти. Убаво решено подвозје, тивка кабина ама се е климаво и евтино на допир.

Тојота Јарис е исто така пластика и лим. Генеранло е добро склопена, пристојно е седењето, просечен багажен простор. Многу бучнен на автопат. Подвозјето е недефинирано, многу е лоша за управување при повисоки брзини.


Во однос на багажен простор не би купил ниту едно од овие возила. Сите се со многу надуван гепек за сметка на тесна задна клупа.

Ако веќе барам кола со багаж во оваа класа ќе земам Рапид, 301, Целизе. Можеби се во друг полу сегмент на оваа класа, ама никој не купува Поло/Фиеста/Рио/Ц3 со гепекот како стартен параметар.

Фиат Типо е исто така сосема солидно возило ама после изминати 5000 километри крцка низ кабината исто како 301, и Целизе.

Двојка
Најлошиот однос со купувачи го имаат во ВФ оделот на Порше. Арогантни самобендисани индивидуи кои што воопшто не се замараат да дадат информации на клиент кој ќе им влезе да купи возило.
Морам да го напоменам тоа дека се однесуваат кон клиентите како да се необразовани неандерталци од палеолит и се обудуваат да наметнат дискусија кон технички детали за кои што мислат дека знаат многу. А не знаат баш ништо. Досега 4 пати имам посетено салон за да видам Голф-Пасат и односот бил ист. Главното мото со кое се водат "ние голф продаваме, ако не го купиш ти друг ќе го купи" има одвратрено 3 клиенти кои отидоа да купат Голф, и на крај завршија со други возила. Јас им побарав понуда за голф ТСИ пред некоја година и типот што работеше таму ми рече цитирам "Што земаш ТСИ земи си дизелче, господ да го видиш". Простаклук, невиден. Кога им реков дека сум заинтересиран и за дизел (само да го тргнам од курац и да ми даде понуда за ТСИ) ми побара емаил за да ми прати пресметка. 14 денови немаше ништо пратено. Потоа два пати се јавив на телефон за да побарам понуда, и ми ја испратија пресметка за возила што ги имаат на лагер. Тоа што го барав воопшто не го запишале или запамтиле.


Најдобриот однос со купувачи го имаат во Автонова. Секогаш има човек што ќе седне до тебе и ќе ти објасни за што ги даваш парите. Ти дава веднаш пресметка, услови за лизинг и кредит.

Останатите дистрибутери се речиси исти. Сите имаат ок однос, и те третираат како потрошувач.

Во Мида имаат исто така многу кул пристап при разгледување возила, и за нив имам позитивно мислење. Во Шкода се исто така многу упорни за да ти продадат возило и веднаш вадат попуст и супер понуда (која сигурно е претходно добро одработена стратегија)


Тоа што сакам на крај да го потенцирам е што за мене е многу навредлив пристапот да производителите да имаат едни цени во каталог, други на лице место. Да, тоа е одлична техника да продадеш нешто, ама и одлична техника да одвратиш купувачи кога ќе видат дека за 13000 евра треба да купиш поло со 1000 кубика кое што е катастрофално споро и никакво за возење.


Во 2019 година не треба да постои мотор со 1000 кубика без турбо. Тоа е навреда кон потрошувачите и катастрофална измама на тој што решава да продава возила од оваа класа.


Горе искажаните работи се мое субјективно видување и искуство. Не мора да се согласите со мене, ниту пак ќе ве убедувам дека вашето искуство било погрешно.

Инаку не возам ниту едно возило од горе наведените, ниту пак сум купил од салон јас лично возило од горниве правни супбјекти. Сум посредувал и помагал на други да направат правилен избор. Чисто да го елеминираме моментот дека фаворизирам некој и дека сендвичи ми даваат за да фалам нешто на форум.
« Последно менување: 25 Јануари 2019, 11:18:13 am zlatkoa »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #79 на: 25 Јануари 2019, 09:37:00 am »
Па според ова што си го напишал пак доаѓа дека полото е најкомплетно ауто. Е сега немам пробано Кио Рио па можеби тука можеби има и вистина. А тоа што го нудат со 1.0 без турбо е грев, мада не гледам како тоа е проблем, ако сакаш вози тси ако сакаш вози атмо твој е изборот.

Полото и Фабијата можеби имаат мали разлики во ентериерот, но поголемите разлики доаѓаат кога го возиш количето. Секако, тоа на некој не му е ниту важно, ниту па знае да воочи разлика ниту па сака да даде повеќе пари за поло зошто самото возење е порафинирано. На крај краева правиме муабет за градски автомобили.

А од мое искуство пластиките во новата Ибица се очајни луѓе, неможе ниту од блиску да се спореди со Фабијата.


https://www.autobild.de/artikel/vw-polo-ford-fiesta-hyundai-i20-toyota-yaris-test-14285675.html

Ова од прва кога ќе го видиш мислиш си во новиот Туарег, а тоа Поло да ти било.



А второ место доби Хјундаи и20 (веројатно слично на Киа Рио). Тука губи автоматикот во однос на дсг-то кај полото.



Цитат
Second place with 495 out of 750 points: Hyundai i20 1.0 T-GDI - spacious, comfortable, and with no finishing touches.


а за дебилите од порше и нивниот однос што да кажам. Штом продаваат толку автомобили со таков лош однос тоа значи дека со добар однос може да продаваат и многу повеќе ама се курчат. Уствари на крај краева VW губи поради тоа.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #80 на: 25 Јануари 2019, 09:42:11 am »
Полото да изгледа така како на сликава, има да го платиш како солидно опремена Октавија (или јаче).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #81 на: 25 Јануари 2019, 09:42:41 am »
@vlatko.klp

За 15000 евра, полото е некомплетно ауто друже. Има 1.0 атмо мотор, тенки гуми како точак од надвор изгледа како недовршен производ кој што едвај стои на тркала.

Тоа што ти си го постирал со ТСИ мотор и ДСГ е веќе над 17.000 евра, и за тие пари треба да си будала да купиш Поло или возило од оваа класа.


@velestrumf  ме претрка со коментарот. Ама тоа е поентата.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #82 на: 25 Јануари 2019, 10:16:34 am »
Така е како што реков претходно пред некој пост претерано скапо и нема смисла да фрлаш толку пари за таква класа на ауто.

Затоа реков Јарис Хибрид, ок лим е, на отворено е бучен ама ќе го возам 95% во град, ќе троши ко упаљач и може и внуците ќе го возат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #83 на: 25 Јануари 2019, 10:42:34 am »
Јарис Хибрид ќе има и многу повеќе гаранција и ќе е многу полесно за возење низ град заради хибридниот момент. Наместо стартстопови и слични занимации. Згора на тоа може и субвенција да пуштат и да испадне 13000 јарисот.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #84 на: 25 Јануари 2019, 10:44:51 am »
Почнаа со субвенции?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #85 на: 25 Јануари 2019, 10:49:01 am »
Почнаа со субвенции?
За пелети.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #86 на: 25 Јануари 2019, 11:05:19 am »



Во 2019 година не треба да постои мотор со 1000 кубика без турбо. Тоа е навреда кон потрошувачите и катастрофална измама.

Ова треба да стои како прв пост на секое отворање на форум.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk


Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #87 на: 25 Јануари 2019, 11:27:03 am »
Полово со 95нм и 75кс е идеално за автошколи ,а не па фамилијарна кола


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #88 на: 25 Јануари 2019, 11:30:32 am »
Почнаа со субвенции?
За пелети.
И за соларни


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: 2017 Volkswagen Polo 1.0 Comfortline
« Одговори #89 на: 25 Јануари 2019, 18:34:12 pm »
Со моментална акција во Рено, се добива Клио 1.2 тце 120 коња со највисоката опрема за околу 13200 евра, цена која може да излезе и пониска од полово со попуст. Да можеби е нов модел полото, меѓутоа кола од иста категорија да вреди 3 4000 повеќе од останатите брендови посебно од оваа категорија за мене не е ништо друго туку чисто збеснување со цени. Ама кога има кого да лажат зошто да не, vw си е vw па и да платиш 4000 евра повеќе од што треба.

VW си е VW. Ама и Рено си е Рено, затоа и цената многу пониска.