За да го задржам наративот на дискусијата ќе го поделам мојот исказ на два дела.
1. Карактеристики/квалитет на возилата.
2. Однос на застапниците со клиентите во Македонија.
Кец
Да бидам искрен ги имам возено речиси сите актуелни модели од возилата од оваа класа.
Бидејќи акцентот беше ставен на Поло-то како супериорно во однос на конкуренцијата, ќе се обидам оваа глупост да ја разобличам.
Новото ВФ Поло е надувана Шкода Фабија со фино перфорирани пластики и ужасен мотор од 1000 кубука атмосферец во како стартен модел во понудата.
Завршната обработка кај Полото не е ништо подобра од онаа во Фабијата. Има малку покомотна задна клупа, која не е нешто удобна кај ниедно возило од оваа класа.
Сеат Ибица е микс од Поло и Фабија, и мислам дека има најголем гепек што може да се добие во оваа класа, заедно со Полото можеби се тука некаде.
За разлика од Фабија, Ибица и Поло, ентериерот и завршната обработка и целокупниот филинг во кабината е на многу порафинирано ниво во новиот Киа Рио. Тоа е мој субјективен заклучок. Едноставно имам чувство дека нема непотребни пластики и прегради кои одземаат простор кој и така го нема кај овие возила.
Цитроен Ц3 нуди најудобно седење на сите 4 патници. Пријатни седишта, комотни, и имаш чувство како да имаш воздух околу себе. Не добиваш чувство дека си во мало возило.
Најдобар хендлинг од сите во класата има Фиеста. И тоа не верувам дека никој ќе успее да го смени во наредните години. Новата фиеста е фантастично склопено возило. Материјалите се пријатни, шалт таблата е фантастично позиционирана во однос на возачот.
Пежо 208 е удобна кола (комфорно седење) со лош ентериер и многу лошо поставени инструменти. Убаво решено подвозје, тивка кабина ама се е климаво и евтино на допир.
Тојота Јарис е исто така пластика и лим. Генеранло е добро склопена, пристојно е седењето, просечен багажен простор. Многу бучнен на автопат. Подвозјето е недефинирано, многу е лоша за управување при повисоки брзини.
Во однос на багажен простор не би купил ниту едно од овие возила. Сите се со многу надуван гепек за сметка на тесна задна клупа.
Ако веќе барам кола со багаж во оваа класа ќе земам Рапид, 301, Целизе. Можеби се во друг полу сегмент на оваа класа, ама никој не купува Поло/Фиеста/Рио/Ц3 со гепекот како стартен параметар.
Фиат Типо е исто така сосема солидно возило ама после изминати 5000 километри крцка низ кабината исто како 301, и Целизе.
Двојка
Најлошиот однос со купувачи го имаат во ВФ оделот на Порше. Арогантни самобендисани индивидуи кои што воопшто не се замараат да дадат информации на клиент кој ќе им влезе да купи возило.
Морам да го напоменам тоа дека се однесуваат кон клиентите како да се необразовани неандерталци од палеолит и се обудуваат да наметнат дискусија кон технички детали за кои што мислат дека знаат многу. А не знаат баш ништо. Досега 4 пати имам посетено салон за да видам Голф-Пасат и односот бил ист. Главното мото со кое се водат "ние голф продаваме, ако не го купиш ти друг ќе го купи" има одвратрено 3 клиенти кои отидоа да купат Голф, и на крај завршија со други возила. Јас им побарав понуда за голф ТСИ пред некоја година и типот што работеше таму ми рече цитирам "Што земаш ТСИ земи си дизелче, господ да го видиш". Простаклук, невиден. Кога им реков дека сум заинтересиран и за дизел (само да го тргнам од курац и да ми даде понуда за ТСИ) ми побара емаил за да ми прати пресметка. 14 денови немаше ништо пратено. Потоа два пати се јавив на телефон за да побарам понуда, и ми ја испратија пресметка за возила што ги имаат на лагер. Тоа што го барав воопшто не го запишале или запамтиле.
Најдобриот однос со купувачи го имаат во Автонова. Секогаш има човек што ќе седне до тебе и ќе ти објасни за што ги даваш парите. Ти дава веднаш пресметка, услови за лизинг и кредит.
Останатите дистрибутери се речиси исти. Сите имаат ок однос, и те третираат како потрошувач.
Во Мида имаат исто така многу кул пристап при разгледување возила, и за нив имам позитивно мислење. Во Шкода се исто така многу упорни за да ти продадат возило и веднаш вадат попуст и супер понуда (која сигурно е претходно добро одработена стратегија)
Тоа што сакам на крај да го потенцирам е што за мене е многу навредлив пристапот да производителите да имаат едни цени во каталог, други на лице место. Да, тоа е одлична техника да продадеш нешто, ама и одлична техника да одвратиш купувачи кога ќе видат дека за 13000 евра треба да купиш поло со 1000 кубика кое што е катастрофално споро и никакво за возење.
Во 2019 година не треба да постои мотор со 1000 кубика без турбо. Тоа е навреда кон потрошувачите и катастрофална измама на тој што решава да продава возила од оваа класа.
Горе искажаните работи се мое субјективно видување и искуство. Не мора да се согласите со мене, ниту пак ќе ве убедувам дека вашето искуство било погрешно.
Инаку не возам ниту едно возило од горе наведените, ниту пак сум купил од салон јас лично возило од горниве правни супбјекти. Сум посредувал и помагал на други да направат правилен избор. Чисто да го елеминираме моментот дека фаворизирам некој и дека сендвичи ми даваат за да фалам нешто на форум.