Автор Тема: Chevrolet spark 0.8, 2007  (Прочитано 53599 пати)

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #270 на: 15 Август 2023, 14:14:27 pm »
се надевам не се страшни за да ме остави на пат

Vozzi земи си  :D
имам амсм класик за во македонија, ама иам 184км надвор од граница, шо ваљда нема да сум толку малер за толку малце, баш претходниве 2 недели извозев 800 км да ја "пробам"

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #271 на: 15 Август 2023, 14:19:40 pm »
Да бидам тотално искрен, прво што ми текна откако се деси срањето со Леонот пред некој ден на Меџитлија е дека имам Vozzi (шлеп) уплатено.
Неверојатен мир ми даде во целата таа збрка.

Втората мисла ми беше да видам што е реалниот проблем (ако можам) и да се тргнам од меѓуграничен простор, па натаму да решавам што, како.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #272 на: 17 Август 2023, 13:15:27 pm »
@Ѓорѓи како си задоволен од спаркчето? Каде го сервисираш?

Има по интернетов спаркчиња и неколку авео, сите се околу 1500/2000 евра со 85/90 000 км поминато. Мислам дека за тие пари, се идеални градски коли. Додуша авеото е 1.2 мотор, па појак е од спаркот, а и поголем е.
Реално, за 2000 евра, само пунто од 2002/3 со 200.000 км, или некое по батал количе може да се земе.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #273 на: 17 Август 2023, 13:24:00 pm »
@Ѓорѓи како си задоволен од спаркчето? Каде го сервисираш?

Има по интернетов спаркчиња и неколку авео, сите се околу 1500/2000 евра со 85/90 000 км поминато. Мислам дека за тие пари, се идеални градски коли. Додуша авеото е 1.2 мотор, па појак е од спаркот, а и поголем е.
Реално, за 2000 евра, само пунто од 2002/3 со 200.000 км, или некое по батал количе може да се земе.

Даевуата се издржливи возила, мотори и електроника, само мног страда лимаријата, прагови и крила. Ама ако ти е за пали-вози, најди некој со моторо одржуван и вози док не му испаднат тркалата

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #274 на: 17 Август 2023, 14:34:41 pm »
@Tischläufer мислиш стрикно за даеву моделите (ланос, матиз), или општо, вклучувајќи ги и спарк и авео.
Вчера се возев во авео, моторот во лер не се слушаше.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #275 на: 17 Август 2023, 16:26:44 pm »
@Tischläufer мислиш стрикно за даеву моделите (ланос, матиз), или општо, вклучувајќи ги и спарк и авео.
Вчера се возев во авео, моторот во лер не се слушаше.

Епа Ланос и Авео е истата кола малтене со истите мотори и менувачи. Старите Ланоси само имаа мотори од Нексиа 1.5
Матиз и Спарк се во основа истото возило само малце спаркот е еволуиран, има понова М200 платформа, поцврста шасија и подобрен мотор со MPI.
800 кубика моторите се развиени заедно со Сузуки и Опел, а кај Ланос и Авео моторите се од Корса, со исклучоце на некои постари верзии.

Така да возилата се добро склопени, ретки се механички дефекти а и деловите се ефтини. Еве кај мене на Спаркот, направив 140.000км, од кои 100.000км на плин и не сум имал ниту еден дефект. Потребно е само редовно штелување на вентили на секои 30-40.000км и моторот ќе спие. Имам сменето само задни амортизери, дискови и плочки и сет ламела, поттисна, друк-лагер. Тек сега на 14 години почна фреонот да ми тече, па ќе го поправам тоа сега во септември. Моторот спие, не се слуша, масло не губи ни капка, троши 7 литри плин во град. Ама па затоа ќе треба сега да сервисирам лимарија. Еден пупак падна од мотор зад мене и моторот ме удри во задното крило и прагот и сега таму се појави корозија. Шасиите не им се поцинкувани.

Така да ако ти треба мало возилце на кое нема да му се замараш, за од точка А до Б јас препорачувам Спарк, а кумов мој исто искуство има со Авео фејслифтот.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #276 на: 18 Август 2023, 12:26:07 pm »
@Ѓорѓи како си задоволен од спаркчето? Каде го сервисираш?

Има по интернетов спаркчиња и неколку авео, сите се околу 1500/2000 евра со 85/90 000 км поминато. Мислам дека за тие пари, се идеални градски коли. Додуша авеото е 1.2 мотор, па појак е од спаркот, а и поголем е.
Реално, за 2000 евра, само пунто од 2002/3 со 200.000 км, или некое по батал количе може да се земе.
Па генерално сум задоволен, во механика влае идам кај тинексот на трета македонска бригада, е сеа дали ми е таква среќата до 100.000 све ми се падна мене да сменам и предни и задни амортизери и зглобови, ламела дискови плочки, добоши, па со задниве лагери шо мака видов, мада сеа за сеа е ок, моторчето е добро само треба и кабли за палење некогаш да му смениш не ко мене и да се чудиш зошто трокира баш на таа километража околу 90.000, ете и за штелување на вентили не знаев, следно носење на мајстор ќе кажам да ми ги наштелуваат.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #277 на: 18 Август 2023, 12:55:38 pm »
Пробај со друг мајстор. Ќе ти каже Миле за проверен човек.
Џабе квалитетен дел, кога монтажата е лоша.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #278 на: 18 Август 2023, 20:40:01 pm »
@Ѓорѓи како си задоволен од спаркчето? Каде го сервисираш?

Има по интернетов спаркчиња и неколку авео, сите се околу 1500/2000 евра со 85/90 000 км поминато. Мислам дека за тие пари, се идеални градски коли. Додуша авеото е 1.2 мотор, па појак е од спаркот, а и поголем е.
Реално, за 2000 евра, само пунто од 2002/3 со 200.000 км, или некое по батал количе може да се земе.
Па генерално сум задоволен, во механика влае идам кај тинексот на трета македонска бригада, е сеа дали ми е таква среќата до 100.000 све ми се падна мене да сменам и предни и задни амортизери и зглобови, ламела дискови плочки, добоши, па со задниве лагери шо мака видов, мада сеа за сеа е ок, моторчето е добро само треба и кабли за палење некогаш да му смениш не ко мене и да се чудиш зошто трокира баш на таа километража околу 90.000, ете и за штелување на вентили не знаев, следно носење на мајстор ќе кажам да ми ги наштелуваат.

Пази само, штелување на вентили не се прави кај секого, само кај некој што знае како се прави. Оди во Аутомакедонија, таму знаат како се прави тоа. Во пред-инфлацисково време зафатот чинеше 1200 денари.
Каблите се менуваат на 60.000км или 8 години. Јас на време ги сменив и никогаш не сум забележал никакво трокирање, за 1500 денари со ОЕМ кабли секако дека нема да се замарам. А ако не ги смениш каблите ќе ги преебеш и бомбините предвреме па ќе те кошта бајаги повеќе.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #279 на: 18 Август 2023, 20:55:33 pm »
abe na spark edna filozofija u steluvanje sto da ti kazuvam.... najobicni klackalki so shtel straf

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #280 на: 19 Август 2023, 14:25:20 pm »
abe na spark edna filozofija u steluvanje sto da ti kazuvam.... najobicni klackalki so shtel straf

Епа оди кажи им во Олимпија моторс на пример, прво палење моторот почнаа детонации во ауспух.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #281 на: 04 Ноември 2023, 20:17:45 pm »
За шестата годишница се почастивме бандавчиња челични од матиз сиви, иако ништо не искочи по планот, барем не се криви не мора да ги исправувам само ќе треба да ги исчистам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #282 на: 05 Ноември 2023, 02:17:30 am »
За шестата годишница се почастивме бандавчиња челични од матиз сиви, иако ништо не искочи по планот, барем не се криви не мора да ги исправувам само ќе треба да ги исчистам.
Не сум сигурен дали некогаш воопшто излегле челични бандажи од фабрика на Даеву а да не се криви.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #283 на: 25 Ноември 2023, 21:28:28 pm »
107.017 ставени зимските гуми на другиве бандажи шо ги земав сеа, со летните оваа сезона извозени 7478км, вкупно 19.182 километри. Нормално и нови раткапни легнаа за да си идат заедно со овој сет. На враќање накај скопје се најдоа гумиве за вистинската намена ме фати малце снег.

« Последно менување: 25 Ноември 2023, 21:37:06 pm Ѓорѓи »

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #284 на: 02 Јануари 2024, 17:58:58 pm »
Годишна статистика за 2022:
Потрошени пари за бензин: 54.430 денари
Потрошен бензин: 625 литри
Поминати километри: 10.000
Просечна потрошувачка: 6.25л/100км
Просечен трошок 5.4 денари по километар.
*Иако немам прецизна пресметка скоро 35-40% од километрите се поминати низ град, плус проблемите што ги имаше скоро до септември забележително ја подигаа потрошњата, сепак сума сумарум генерално е ок и спрема тоа шо беше прескап бензинот.
да ја заокружиме и 2023та:
Потрошени пари за бензин: 56,330 денари
Потрошен бензин: 689 литри
Поминати километри: 12100
Просечна потрошувачка: 5,69л/100км
Просечен трошок 4,6 денари по километар. Годинава повеќе километри поевтин бензин и одлична потрошња (гушењето лани поради каблите за свеќици ме коштале доста.) Исто 35-40% градска, макар немам прецизна бројка.