Автор Тема: Chevrolet spark 0.8, 2007  (Прочитано 53587 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #285 на: 11 Јануари 2024, 22:01:08 pm »
Малку чудно таа работа со кабли менување на 60.000 или 9 години. Попрво би рекол дека е некоја мангупарија од сервис па после кажуваат гачки.

Мое искуство со кабли: Југото речиси 200.000 со силиконски на Лукас (некои као спортски?), Типото го продадов со истите со кои го зедов, Меганот не ни имаше кабли ;D i10kata еве 12 години и нешто над 60.000 као да нема кабли :) а симката на татко ми дали 2-3 пара се сменети за 46 години и не помалку од 300.000км

Инаку, еден комшија купи лани за жена му, на почеток моторчето не се слушаше, по некој месец почна да се слуша некој вентил и така сеуште се вози (најверојатно некој стручњак штелувал)

Да се поправам, со Југото се заебавав првата година со глупи кабли се додека не ги купив Лукасовите, така да 150.000 км за 7 години би било пообјективна бројка.
« Последно менување: 11 Јануари 2024, 22:14:44 pm Mikius »

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #286 на: 13 Јануари 2024, 12:53:11 pm »
еве кај мене фабричките на 90000 и 15 години веќе правеа озбилен проблем среќа шо ги сменив, на 150.000 здравје пак ќе ги сменам ништо не ме кошта, сеа поима неам какви стаив тогаш може и подобри ќе најдам, плус нешто може порано се зезнале шо еден мајстор ми имаше стаено нгк свеќици за една буква различна ознаката шо одговараат за цивик и лансер, а читав по форумот опелџии и мењале бобини ради нгк.
« Последно менување: 13 Јануари 2024, 13:05:21 pm Ѓорѓи »

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #287 на: 16 Февруари 2024, 01:27:29 am »
109.770 направен мал сервис веќе не знам кој по ред, само наместо у мај/јуни се падна сеа поради рекордно брзото поминување 10.000км ;D



Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #288 на: 27 Април 2024, 16:04:15 pm »
112.250 ги вратив летните гуми со бандажи, со зимскиве гуми оваа сезона извозени 5233 километри, вкупно 25.457. Процедурата кошташе 0 денари и траеше помалце од саат време, некогаш само толку сум чекал кај вулканизер.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #289 на: 24 Јуни 2024, 16:27:54 pm »
Пак дојде делот од годината кога треба да ја почастиме државата што ни овозможува возење по дупки и калдрми:
-полиса 3347
-патишта 1051
-технички преглед 3245
-такса 111
-зелен картон заедно со полисата 7200 го платив испаѓа 160 денари повеќе од лани, дали е поскапен или оставив бакшиш не знам ;D
 вкупно без зелен картон = 7754 со него 11607.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #290 на: 25 Јуни 2024, 02:21:18 am »
Скоро 12 000 за Спарк е стварно многу, рачунај оставаш сигурно уште 3-4000 по мочаните патарини и оди вкупно 16 000 за мало количе, шознам нереално.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2211
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #291 на: 25 Јуни 2024, 02:38:36 am »
Немој вака, сега ќе дојде Дени да не убедува како имаме евтини давачки.

А стандардот на платите - дно.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #292 на: 25 Јуни 2024, 07:19:08 am »
11607ден e со зелен картон и ѓорѓија изгледа нема 50% попуст на полиса, или поскапена е основната премија?

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5896
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #293 на: 25 Јуни 2024, 10:41:16 am »
Спарков го има 7 години, така да ако има попуст скапо е и тоа ептен. Кај мене 12600, зелен картон 3690 за кола од 1998ма 66кв. Претерано!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2348
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #294 на: 25 Јуни 2024, 11:52:18 am »
@Ѓорѓи Од каде го зимаш Jacco маслото?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #295 на: 25 Јуни 2024, 13:59:48 pm »
Скоро 12 000 за Спарк е стварно многу, рачунај оставаш сигурно уште 3-4000 по мочаните патарини и оди вкупно 16 000 за мало количе, шознам нереално.
многу е, со тие пари барем по аутобан да возиме да не кршиме подвозје на 100.000 или и помалце да речеш, вака на ништо не личи
11607ден e со зелен картон и ѓорѓија изгледа нема 50% попуст на полиса, или поскапена е основната премија?
  основната премија и лани и сеа била 4739 значи 35% попуст сум добил годинава, доброволното за кршење стакла и патници покачено е од 80 на 267 денари така да само 50 денари ми е поевтина полисата од лани.

@Ѓорѓи Од каде го зимаш Jacco маслото?
од мега ауто партс

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #296 на: 25 Јуни 2024, 15:12:51 pm »
Немој вака, сега ќе дојде Дени да не убедува како имаме евтини давачки.
Toa e целата поента. Преблиску се цените на Спарк и Мајбах. Преефтини се цените за Мајбасите, а тоа го префрла трошокот на Спарковите и на Југовците.

Види цени во Србија, Спарк ќе е тука некаде, а Мајбах ќе е х20 - х30 од кај нас. Тоа е реално.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #297 на: 25 Јуни 2024, 16:22:27 pm »
Кај нас Мајбах се вози само у Зајас, а таму се други цените. Затоа и не се корегирани у правилник.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #298 на: 06 Август 2024, 15:52:08 pm »
Не знам дали има права тема за ова па ај овде, за пет години членство по ред добив силвер картичка, се надевам како и до сега дека нема да ми затреба.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #299 на: 07 Ноември 2024, 16:42:23 pm »
118.232 вратен зимскиот сет, со летните оваа сезона поминати 5982км или вкупно 25.164км. Воедно вратени вчера и осрам сијаличките кои иако стандардни светат неспоредливо добро со се што сум имал до сега, овие плавите/бели ги користев некој месец, не се навикнав на белата светлина, малце и ко слаби се на кратки, а и сеа иде период на магли па со бела светлина веројатно ништо нема да се гледа. На заебанција ги нарачав 200 денари од али експрес ај викам да видам може добро ќе светат а и кинески ќе ги потрошам ќе ги фрлам, ама спрема неистрошеноста на влакното ми делува дека уште години ќе светат.
« Последно менување: 07 Ноември 2024, 16:55:19 pm Ѓорѓи »