Може по други теми забележавте дека замарам со спарков, но еве ја победив мрзата па и официјално да ја претставам првата кола во фамилијата и првата кола на мое име и со мои пари. Го купив на 3-ти ноември од прв газда (70 годишен дедо) со 51000км, му направив редовен сервис, сменив акумулатор, сменив звучници, и еве го сеа пиц пец. Сигурно сите знаете како изглеа спарк, башка шо забележав дека е најхејтана кола на форумов и дури ни
@Tischläufer го нема ставено неговиот спарк овде. Сепак јас многу му се радувам, па еве некоја слика:
Се извинувам шо се размешани ама ме мрзи да ги подредувам углавном тоа е тоа, на крајот може да се види сликата од денот на купувањето.
Краток опис:
Мотор: Има
38кw/51коњ
Клима: нема
Серво: нема
Централна брава: нема
ABS: мислам дека има
AIRBAG: мислам дека има
Магленки: нема
Саат: нема (малце ми смета
)
Озвучување: го добив со пионир радиото шо се гледа на слика и сток звучничиња од фабрика од кои еден беше прегорен па ги заменив со нови пионир dual cone, пошо музиката е најбитна за било која кола.
Не ми текнува друго, ако ви текне нешто слободно прашајте