Автор Тема: Chevrolet spark 0.8, 2007  (Прочитано 53656 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #210 на: 08 Јануари 2023, 01:12:26 am »
Битно е да не му ставиш гориво со помалку октани одошто треба, со повеќе слободно ставаш :)
Како да забораваш дека треба да се интервенира во претпалењето кога станува збор за 110 октански гориво за да се подобри ефикасноста?
И што ако се интервенира? Тој мотор работи на секакво гориво, не е кој знае колку ефикасен, некој ситен промил не му менува ништо.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #211 на: 08 Јануари 2023, 07:33:30 am »
На фичовците и пезетките се интервенираше кога снема 86 октански оловен, па мораше на 95 октански оловен да се штелнат. Новиве коли арно си викаат „не помалку од толку октани“. Другото си е оставено на електрониката и нок сензорите.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #212 на: 08 Јануари 2023, 08:32:33 am »
На фичовците и пезетките се интервенираше кога снема 86 октански оловен, па мораше на 95 октански оловен да се штелнат. Новиве коли арно си викаат „не помалку од толку октани“. Другото си е оставено на електрониката и нок сензорите.
Така де, доаѓаме до тоа да не е исто.

Да не се разбереме криво, не велам дека не е поевтино возењето на плин, но укажувам 2 пати да се размисли пред да се направи конверзија бидејки знае да биде живчана работа. Можеби се исклучоци, но познавам прилично исклучоци.
Да не наведувам многу примери ќе се задржам на колегата со астраГ, што се не смени и проба, на крај дури и уредот го смени, му сецка на двете горива. Ако вози околу 200 само на бензин се оправа, штом сврти на плин по кратко време повторно му сецка. Дигна раце, во меѓувреме купи уште една кола и ни на крај памет не му е да и тури плин.



Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #213 на: 08 Јануари 2023, 09:26:06 am »
На фичовците и пезетките се интервенираше кога снема 86 октански оловен, па мораше на 95 октански оловен да се штелнат. Новиве коли арно си викаат „не помалку од толку октани“. Другото си е оставено на електрониката и нок сензорите.
Така де, доаѓаме до тоа да не е исто.

Да не се разбереме криво, не велам дека не е поевтино возењето на плин, но укажувам 2 пати да се размисли пред да се направи конверзија бидејки знае да биде живчана работа. Можеби се исклучоци, но познавам прилично исклучоци.
Да не наведувам многу примери ќе се задржам на колегата со астраГ, што се не смени и проба, на крај дури и уредот го смени, му сецка на двете горива. Ако вози околу 200 само на бензин се оправа, штом сврти на плин по кратко време повторно му сецка. Дигна раце, во меѓувреме купи уште една кола и ни на крај памет не му е да и тури плин.
Мислам дека е време колегата да го смени мајсторот

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #214 на: 08 Јануари 2023, 10:52:19 am »
Тотално е непотребно да се прави муабетов.
Јасно е дека ако на некого колата му е расипана, ќе му остане расипана и ако стави плин. Факт е дека има луѓе што возат како сивоњи и факт е дека има луѓе на кои колата им е последен приоритет и не се замараат ни со одржување ни со принципи на возење.

Плинскиот систем како систем, ако е исправен и ако моторот е генерално исправен нема да има никакви проблеми и со плин и без плин. Познавам ликови што и без плин возат со години со тешки дефекти на мотор а познавам и луѓе со години што возат на плин големи растојанија и никогаш немале никаков проблем.
Мене лично колата ми е еден од врвните приоритети, зошто од кола ми зависи способноста за движење наоколу а тоа е важно за мене. Затоа моите возила се секогаш сервисирани како што треба, на нив не штедам. За секој сомнеж за можен дефект одат на проверка и затоа никогаш не сум имал ни проблеми ни дефекти, ни со бензин, ни со плин ни со дизел. Секоја година плинот оди на проверка иако сум немал ниту еден дефект со истиот. Ова лето како 10 годишнина од вградување на плинскиот систем ќе оди на промена на се што е гумено, филтри, дизни доколку е потребно, ќе се проверат црева/цефки, вентили, боца и се што треба. Плинскиот систем се исплатил до сега многукратно така да не ни помислувам на штедење, допрва тој ќе си ја врши работата сега кога бензинот е сеуште скап.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #215 на: 08 Јануари 2023, 11:42:57 am »
Не е првпат да се префрли вината на неодржување или промена на мајстор, ситиот на гладниот не му верува, тоа е.

Батали, сум фатил да објаснувам на човек на кој името Сава му е ноќна мора :)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #216 на: 08 Јануари 2023, 14:38:48 pm »
Не е првпат да се префрли вината на неодржување или промена на мајстор, ситиот на гладниот не му верува, тоа е.

Батали, сум фатил да објаснувам на човек на кој името Сава му е ноќна мора :)
Татко ми вози кола на плин 20 години, со првиот систем имаше проблем (монтиран 2002 година), нешто немаше можност за усогласување со еку на колата, стварно не се сеќавам. Потоа го смени за нов, соодветен за моторот, не знам ни што систем е, ни ништо, само знам дека за тие 150.000км колку што има поминато, многу одамна ги има исплатено системите и сервисите и гуми и останато...

99,9% од таксистите возат на плин, ако нема математика, или пак има чести проблеми, не би возеле на плин. Некаде прочитав инфо дека во некоја ЕУ земја, на Тојота Корола караван хибрид, во Сузуки изведба (не ми текнува кое име го носеше) ја плиносувале, така што... Муабетот воопшто не држи вода, односно, слободно проблемите може да се препишат на мајсторите и лошо одржување на возилата од сопствениците.

Едит: сите познаваме по некој човек што се изопил од некој алкохол, потоа не сака да го помирисне, тоа не го прави пијалокот лош за останатите.

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #217 на: 08 Јануари 2023, 14:49:45 pm »
Dobro bre lugje taksi kompaniive na novi koli fukaat plinovi koj sve ne gi vozi pa teraat preku 300.000km bez nikakov problem na plinot. Pa nie kako obicni smrtnici so 10.000 godisno se treseme. Fukaj bre plin na toa sparkot i nakrivi kapata sto tolku se mislis. Kje go isplatis za godina i nesto so razlikata benzin plin. Naredno ti e gratis.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #218 на: 08 Јануари 2023, 15:01:50 pm »
Плин никогаш!

Не сум доволно богат со време да висам на вонредни сервиси и да ме мотаат во триаголник механичар/електричар/плинар, за на крај некој да ме дупи дека не сум ја одржувал колата.
« Последно менување: 08 Јануари 2023, 15:07:11 pm Mikius »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #219 на: 08 Јануари 2023, 15:22:23 pm »
Ко не си возел на плин незнам шо пробваш да докажиш нешто за кое никакво искуство немаш. Тогаш вози си точак 1.0 на бензин, наместо 1.8/2.0 на плин за исти
пари

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #220 на: 08 Јануари 2023, 15:54:19 pm »
Ако ми троши плус литар/два плин со цена од 50 денари ми доаѓа скоро исто како на бензин или минимална заштеда за која не вреди да си го узурпирам пред се и така малиот гепек дали да возам боца или резервно тркало сеедно, па после се друго, шо освен ако не возам  барем дупло км годишно од сеа ми е неисплатливо

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #221 на: 08 Јануари 2023, 16:10:21 pm »
Не ми беше кон тебе постот и јас не би ставал плин на кола која и онака малку троши.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #222 на: 08 Јануари 2023, 16:40:41 pm »
Ко не си возел на плин незнам шо пробваш да докажиш нешто за кое никакво искуство немаш. Тогаш вози си точак 1.0 на бензин, наместо 1.8/2.0 на плин за исти
пари
Од каде ти е таа идеја дека не сум возел плин?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #223 на: 08 Јануари 2023, 16:54:12 pm »
Според то шо го кажваш.3јца или 4ца до сега ти кажавме лични искуства дека никој досега немал проблеми со нов плин.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #224 на: 08 Јануари 2023, 17:21:39 pm »
Секој со свое мислење и со свој став, толку!