Автор Тема: Chevrolet spark 0.8, 2007  (Прочитано 53648 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #195 на: 05 Јануари 2023, 23:47:55 pm »
Јас??? Слободно чешлај!!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #196 на: 06 Јануари 2023, 00:36:45 am »
Јас??? Слободно чешлај!!
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,23743.msg1210130.html#msg1210130

И немој да се лажеш дека не е плинот, сите што ги знам што возеа астри без плин немаа никаков проблем, останатите што се на плин отрпнаа :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #197 на: 06 Јануари 2023, 00:49:02 am »
E ova neli e do svekjicite ?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #198 на: 06 Јануари 2023, 01:06:20 am »
Јас??? Слободно чешлај!!
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,23743.msg1210130.html#msg1210130

И немој да се лажеш дека не е плинот, сите што ги знам што возеа астри без плин немаа никаков проблем, останатите што се на плин отрпнаа :D
Хахахаххаха еве ќе ти кажам до што беше проблемот, мислам дека и имам пишано во темата. Проблемот беше во сензорот на радилица. А и сум пишал дека сецка и на бензин. Дојди кога сакаш и пробај ја колата и увери се сам.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #199 на: 06 Јануари 2023, 22:55:13 pm »
Не е евтин сега ни плинот а и цената на плинскиот уред што е скоро колку цела година возење на бензин треба да ја платам наеднаш. Фала ви на предлозите ама сепак мислам дека бензин си е бензин.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #200 на: 07 Јануари 2023, 11:49:35 am »
Не сакам есапи да ти правам, ти си знаеш.

За Спарков плинот сигурно не е над 500 евра, со се атест 600.

Моја претпоставка е дека од сегашните 6.5 просек колку ти беа, ќе ти троши 7.5 плин.

Со овие цени на плин и бензин ќе го исплатиш за година две.Башка што има алтернатива да ставаш поефтин плин и ќе го исплатиш макс за година дена.

Пак ќе речам ти си знаеш ама ако планираш да ја возиш уште3-4 години размисли си.

А муабетите бензин си е бензин дрн дупки, то дечурланата така размислува. Се прават интересни.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #201 на: 07 Јануари 2023, 14:27:30 pm »
Да бидеме реални и искрени, луѓе ставаат плин за да биде возењето поевтинo. За да ги возат колите без да се замараат колку троши. И тоа апсолутно го разбирам. А дека ставањето плин е добра работа по било која друга основа... Не е, да не се лажеме.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #202 на: 07 Јануари 2023, 14:41:33 pm »
Да бидеме реални и искрени, луѓе ставаат плин за да биде возењето поевтинo. За да ги возат колите без да се замараат колку троши. И тоа апсолутно го разбирам. А дека ставањето плин е добра работа по било која друга основа... Не е, да не се лажеме.
Па тоа де. Целта е да се заштеди на гориво. А ако истото може да се направи со минимален ризик и да нема проблеми, баш тука е доброто.
Има и други позитивни и негативни страни возењето на плин ама да не ја почнуваме пак темата, иљаду пати ни е дискутирана до сега.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #203 на: 07 Јануари 2023, 14:43:38 pm »
Така е, со мала корекција - не да се заштеди на гориво, туку да се заштеди на трошокот за гориво. :)

Затоа и јас возам дизел.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #204 на: 07 Јануари 2023, 17:11:47 pm »
Да бидеме реални и искрени, луѓе ставаат плин за да биде возењето поевтинo. За да ги возат колите без да се замараат колку троши. И тоа апсолутно го разбирам. А дека ставањето плин е добра работа по било која друга основа... Не е, да не се лажеме.
Луѓе ставаат плин ради екологија, а не како комшијата плука цело време загадено е а вози кола без пдф без катализатор... Исто како тебе без осет возиш дизељ

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #205 на: 07 Јануари 2023, 20:18:20 pm »
Математиката "дали да ставам плин" е едноставна.

Износот на цена за профи вграден плински уред, го делиш со цената на бензинот и километрите на годишно ниво. Со надеж дека цените на бензинот ќе се нормализираат, ако не врвиш фазла од 10000 годишно, не ставај.

Чунки Мустанг возиш, па троши питај-курац-колко...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #206 на: 07 Јануари 2023, 21:10:16 pm »
На мотор предвиден за гориво со 95 октани му се шиба гориво со 110 октани едноставно не може да биде исто.

Уште ако се додаде ризик на која нога станал мајсторот што ќе го вгради системот.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #207 на: 07 Јануари 2023, 21:35:42 pm »
Арно де, со парите што ќе се заштедат од возење на плин, ќе покриеш некаков несакан ефект, ако воопшто се појави.
Татко ми од кога стави плин не е слезен од кола, да беше на бензин тешко дека секој ден ќе се развозваше со 1.8 бензинец низ град. Па еве го 80К или 5 години од кога е ставен нема мака, а пари има заштедено прилично многу.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #208 на: 07 Јануари 2023, 23:21:36 pm »
Битно е да не му ставиш гориво со помалку октани одошто треба, со повеќе слободно ставаш :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #209 на: 08 Јануари 2023, 00:11:16 am »
Битно е да не му ставиш гориво со помалку октани одошто треба, со повеќе слободно ставаш :)
Како да забораваш дека треба да се интервенира во претпалењето кога станува збор за 110 октански гориво за да се подобри ефикасноста?