Не е првпат да се префрли вината на неодржување или промена на мајстор, ситиот на гладниот не му верува, тоа е.
Батали, сум фатил да објаснувам на човек на кој името Сава му е ноќна мора
Татко ми вози кола на плин 20 години, со првиот систем имаше проблем (монтиран 2002 година), нешто немаше можност за усогласување со еку на колата, стварно не се сеќавам. Потоа го смени за нов, соодветен за моторот, не знам ни што систем е, ни ништо, само знам дека за тие 150.000км колку што има поминато, многу одамна ги има исплатено системите и сервисите и гуми и останато...
99,9% од таксистите возат на плин, ако нема математика, или пак има чести проблеми, не би возеле на плин. Некаде прочитав инфо дека во некоја ЕУ земја, на Тојота Корола караван хибрид, во Сузуки изведба (не ми текнува кое име го носеше) ја плиносувале, така што... Муабетот воопшто не држи вода, односно, слободно проблемите може да се препишат на мајсторите и лошо одржување на возилата од сопствениците.
Едит: сите познаваме по некој човек што се изопил од некој алкохол, потоа не сака да го помирисне, тоа не го прави пијалокот лош за останатите.
Sent from my SM-S908E using Tapatalk