@Tischläufer мислиш стрикно за даеву моделите (ланос, матиз), или општо, вклучувајќи ги и спарк и авео.
Вчера се возев во авео, моторот во лер не се слушаше.
Епа Ланос и Авео е истата кола малтене со истите мотори и менувачи. Старите Ланоси само имаа мотори од Нексиа 1.5
Матиз и Спарк се во основа истото возило само малце спаркот е еволуиран, има понова М200 платформа, поцврста шасија и подобрен мотор со MPI.
800 кубика моторите се развиени заедно со Сузуки и Опел, а кај Ланос и Авео моторите се од Корса, со исклучоце на некои постари верзии.
Така да возилата се добро склопени, ретки се механички дефекти а и деловите се ефтини. Еве кај мене на Спаркот, направив 140.000км, од кои 100.000км на плин и не сум имал ниту еден дефект. Потребно е само редовно штелување на вентили на секои 30-40.000км и моторот ќе спие. Имам сменето само задни амортизери, дискови и плочки и сет ламела, поттисна, друк-лагер. Тек сега на 14 години почна фреонот да ми тече, па ќе го поправам тоа сега во септември. Моторот спие, не се слуша, масло не губи ни капка, троши 7 литри плин во град. Ама па затоа ќе треба сега да сервисирам лимарија. Еден пупак падна од мотор зад мене и моторот ме удри во задното крило и прагот и сега таму се појави корозија. Шасиите не им се поцинкувани.
Така да ако ти треба мало возилце на кое нема да му се замараш, за од точка А до Б јас препорачувам Спарк, а кумов мој исто искуство има со Авео фејслифтот.