Дафак, отиде муабетов малце на стран за момент а а ?
Ај да се вратиме вака...
Бузуки јас не се слагам со бе-ем-ве за таа сума и да сум у ситуацијата на другар ти би се одлучил за Поло на пример, мој став е дека млад чоек што има потреба од кола за да стигне до негде треба да земе возило што ке биде најевтино за сервисирање (редовно) и што ке има најмалце шанса да се расипува, ако го имаш 5-6години да потрошиш што помалце пари на колата.
Е сега јас така мислам зашто мене не ми значело многу каква кола ке возам, колку ке биде брза или тивка или удобна. Бидејки другар ти сака баш да е од тие премиум брендови треба исто да е свесен за што го очекува со постара кола од таа класа.
Веројатно бе-ем-ве има подобра вожња, и побрзо ке биде, па и повеќе опрема ке има од Поло, ама одржувањето ке кошта повеќе макар и да не се расипе ништо никогаш. Обичните работи како регистрација, гориво, гуми, филтри, масло, ако недај боже нешто поголемо се зезне да не збориме...
Ако сите што не се согласуваме со тебе ја избегнуваме темата тогаш не ти треба форум/тема можеш да си тераш како си намислил.
Негов избор е што ке одлучи да вози, ние сме тука да си кажеме зашто мислиме дека греши и ако го премислиме супер, ако не го премислиме пак супер.