Дечки за другарче бараме кола до кај 4000 евра..
Значи се бара строго бензин атмосверец, по можност да е со плин.. Да биди некоја си средна класа.. Првенство имаат бмв/мерцедес/ауди.. Француско возило и возило со автоматски менувач во никој случај..
Бмв е46, ауди а4, мерцедес ц класа и слично...
Деновиве бевме до прилеп, кавадарци, охрид, битола.. Све е прегледано и све се кој од кој.. На слики изгледаат топ али во живо мавани, фарбани (аматерски), внатре како на нива да го има возено..
Видовме и гранде пунто, астра х али многу лоша вожња имаат и доста неквалитетно делуваат..
Ако има некој нешто интересно сретнато или па да знај некој да продава нека сподели тука..