Автор Тема: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG  (Прочитано 10843 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« на: 04 Декември 2017, 10:27:30 am »
Во рубриката „ние возевме за да немора вие“ ви го претставуваме неговото височество, кралот на класата, Голф.
Не било каков Голф, туку рент-а-Голф
И не само тоа, туку набиен со опрема и она најбитното......... 1.5 TSI мотор.

Кај нас не сум прочитал некој да има тест на наведеното возило и мислам дека Порше Македонија сеуште го нема во понуда, така да ова е своевидна ексклузива.

Ај со ред, ваљда е уште топло кафето :)

Средината на Ноември бев во Дојчландија за да го потсетам @velestrumf од кај потекнува и да не се прави многу еуропеец.
Заради непријатното искуство кое ни го овозможи Еуропкар (за тоа во друга прилика) имав можност да изберам возило кое не беше она „основно“ кое се нуди како опција.
Го избрав Голфот.

Претпоставувам дека беше во Хајлајн опрема, беше со безмалку 9.000 км поминато, имаше фантастични кадести седишта, комплет ЛЕД внатре надвор, личеше на кола од надвор со убави 17-ки, заден браник ко што треба, навигација, адаптивен темпомат, старт/стоп и  за мене како љубител на мирис бензина, 1.5 TSI 150кс со гасење на цилиндри укомпониран со DSG менувач.











Внатре во колата чувството е прекрасно. Кажав веќе, седиштата беа феноменални, седењето ниско. Се што ти треба е тука и достапно. Не ми се допаѓа што медиа центарот е скроз застаклен и многу се флека, на контра сонце дури грдо изгледа. Осветлувањето внатре ЛЕД, бело. Пребело за мој вкус. Покрај регулар осветлувањето, имаше осветлување кај нозете, вратите, дури и на оваа лајсната од вратата имаше лед осветлувачка лента (не тоа дебелото сивото, туку во горниот предел сосема тенко и дискретно:



Колата е прекомфорна. Ултра удобна како за хеч. Стварно е за пофалба како успеале да го сетираат подвозјето и заедно со одличната изолација во кабината, едноставно ги голташ километрите без да сетиш. Се зачудив кога видов дека е волку удобна на 17-ки бандажи. Вози димензија 215/50-17. Гумите беа зимски, ContiContact TS815. Меки, бесшумни, абе едрилица.



Ама она што мене посебно ме интересираше е моторот. Имав еден таков, му ги знаев можностите и перформансите. Па бев желен да видам што може ова под хауба. Тука со DSG дополнително.
При 120км/х моторот работи на 2.220врт/мин., 100-ка при 1.800.





Моторот е многу тивок. Промената на брзините екстра глатка, мерак за глајдање. Имаше старт-стоп систем. Сум возел и претходно, ама кај овој приметив една интересна работа што кај останатите не сум приметил (или не сум имал време да приметам). Ако ја допираш кочницата сосема минимално, моторот не се гаси. И најмал притисок, се гаси. Ова ми се виде како одлично решение каде што знаеш дека нема потреба да се гаси, па пак пали моторот, туку точно ти одлучуваш кога да го прави тоа.
На цапнување на гаста во N, има предолг дилеј за мој вкус, во S работите се поинакви. Нормално на мене и веројатно повеќето тука S-модот би им бил поинтересен, повисоко ги држи вртежите при промена, враќа 3 брзини надолу итн.

При гас до даска, моторот звучи невообичаено добро за „косилица“ од иљаду пецто кубика, звукот е длабок и рапав и дава чувство дека возиш значително поголем мотор. Касно ми текна да проверам, а сега сум речиси сигурен дека тој звук е невозможно да го има Голф 1.5 туку најверојатно имаше од оние фенси ауспуси во звучници.

Е сеа, гасење на цилиндри.
Моделов е од најновата генерација TSI мотори со гасење на цилиндри. И функционира ОД-ЛИЧ-НО!
Не знам колку е тоа надежно и како ќе се погодат моторите, ама ова е своевидна револуција кај МВС и мислам дека ако во догледна иднина се развива и надградува, тоа би значело и продолжување на животот на моторите придвижувани на фосилни горива и пролонгирано уживање на оние што љубат мирис на бенЅин.

Одлуката дали моторот ќе влезе во ECO мод го регулира нормално ECU-то. Од краткото искуство што го имав, заклучив дека возилото вози со работа на 2 цилиндри, при ниски брзини и при одржување на брзина. Преодот на гасење на цилиндрите се чувствува (мислам дека тука треба да се поработи), но понатаму скоро и да не се осеќа дека се вози со 2 активни цилиндри. Велам скоро, пошто јас сум цепидлака и можам да осетам ако има ливче залепено на гумата и ми ц’цка и ми е ненормално, ама било кој понормален или доктор/баба/швалерка/професорпоправо и слично може и нема ни да примети. Жена ми не примети додек не и покажав.

Најблиску што може да го доловам преку тастатура возењето на 2-цилиндра е, како да возиш 3 цилиндарец Поло 2002-2009 при пониски вртежи и сакаш да забрзаш. Само за нијанса порафинирано. И со разлика што моментот чим и најмалку додадеш гас, моторот почнува НЕОСЕТНО да работи нормално со 4 цилиндри. Значи гасењето се осеќа, вклучувањето не. Еве како изгледа ECO-мод при крузање на константна брзина на хаутобан:



Ваквиот начин на работа, на „скратување на пола мотор“ при ниски брзини во град и оджување на константна брзина на регионални и авто патишта, не може да цели кон ништо друго освен, економичност/нискапотрошувачка/штедење/фаќјудузел. Јас и до сега (а почнувајќи од пред 10 години), знам и сум убеден, дека со влегувањето на пазарот на нисколитражни турбо-бензинци, поентата на избор на дизел возило се губи, освен ако не станува збор за некој вагон кој што примарна работа би му била автопат и годишен обрт од најмалку 30 иљади километри. Ама тоа јас си знам и сум си убеден, има теми каде се разложуваа тие семинарски и не мислам пак да  убедувам никого. Всушност најдобар избор е секако оној којшто лично сме го направиле, без разлика дали е тоа избор на кола, дизел/бензин/гепек, гуми, брисачи, лаптоп, машина за сушење веш и слично, а сугестија некако тешко е да се прифати безразлика колку е добро намерна (сега општо зборам, секако не е секогаш така).

Сликнав потрошувачка по борд на 2-пати, еднаш од Дортмунд до точка Б, а вториот пат обратно. Не сликав измеѓу, пошто бев на шетање а не на мисија јеботе :).
Возењето беше нормално и во тек со движењето на аутобан. Џабе тие неограничувања на аутобан кога едноставно сообраќајот ти налага како да возиш. Со тоа што во возењава јас си играв со колва пушти/отпушти за да ја потестирам. Враќањето беше на дожд и тежок сообраќај и момент кога престанува да важи забрана за претекнување на камиони. Абе да се чудиш, забраната е од 6:00-19:00, во 19:01 пола камиони во лева лента зимаат да претицаат.





Севкупно поминав 255км, од кои 140-тина беа овие од/до аеродром, другите 115 беа регионално низ гратчиња и локални патчиња. Наточив:



Испаѓа просек 5,04 л/100км.
Испаѓа дека не шлепале останатите 115км за да падне до толку просекот. А може и да поткраднува бордот, ништо чудно, ама од досегашното искуство со VAG, прилично прецизни се во мерењата.

Да сублимирам.
Колава како пакет, со ваков пакет е одлична. Дали ба ја размислил ако сум во можност сега да бирам. Можда во Леон, со ваков пакет и друга боја. Голф, ми е.....мех, не по мој вкус. Во Артеон како 2.0 TSI DSG со опција на гасење на цилиндри и соодветна боја и пакет, секако. Колава е одличен избор за млада фамилија на која им треба единствено возило кое ќе го користат за градинка/работа/гиро/банско. Одлична е за второ возило за сопругата да брка работа успут додека иде/севраќа од работа. Одлична ако ја земеш на лизинг и да не се замараш што/како/зошто. Одлична е за штотуку пензионер и сака да ужива во пензија без да се замара и во годината нема да помине 20 иљади.

Доколку не застане развојот на оваа технологија и се инвестира во истата, мислам дека ќе има работа за бензиските во нашиов век на корисење.
(зборам за технологија и за нормален свет, пошто знам дека одма ќе го премерувате гепекот и како ќе се спари плин/дизна систем со 2-цилиндра на работа)

Сигурно нешто сум испуштил, ако некој нешто го интересира дополнително, слободно нека праша, затоа и како посебна тема го направив текстов.

Чус :)



Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #1 на: 04 Декември 2017, 10:33:13 am »
За потполно истава кола, само без DSG и со помалото (читај, понормално) радио прашував во Порше. Имаат до сега вкупно две продадено со деактивација на цилиндри, и пекам да го пробам!

Прекрасен и објективен осврт! Благодарам! :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #2 на: 04 Декември 2017, 10:35:01 am »
Го нема во ценовник, ваљда по нарачка иде :)
Да не им е незгодно да пишат цена ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #3 на: 04 Декември 2017, 10:37:01 am »
Од новиов мислам дека немаат прпдадено. Од пред фејслифтот имаат еден-два, со 1.4 TSI со деактивација на цилиндри.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #4 на: 04 Декември 2017, 10:52:01 am »
Ќе ме натераш да го земам рент-а-кар и да видам дали е така, или си со тие од жолтите комбиња.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #5 на: 04 Декември 2017, 10:56:53 am »
Motorov e mn vetuvacki, so toa sto jas imam edno prasanje. Dali posle x godini koristenje ke nema razlika megju klipovite vo smisla na dvata sto konstantno rabotat i dvata sto se gasat vo istrosenost i tn?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #6 на: 04 Декември 2017, 10:59:05 am »
АКо е изгасен цилиндарот/ не значи дека не ротира или не пумпа воздух. Едноставно му гасат дотур на гориво и искра од свеќица.

Деактивација на цилиндри во американските огромни в6/в8 има одамна. Во малите турбинирани бензинци е релативно нова технологија. Плус овој е со Милеров циклус, кадешто и турбо компресорот има удел во самата компресија, плус ги пере усисните вентили од залепен нагор и јаглеродни депозити. Ептен нов мотор, како ќе се покаже, ќе видиме.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #7 на: 04 Декември 2017, 14:35:58 pm »
@zeroSignal што чекаш? Копи пејст и пуштај на портал.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #8 на: 04 Декември 2017, 14:43:30 pm »
АКо е изгасен цилиндарот/ не значи дека не ротира или не пумпа воздух. Едноставно му гасат дотур на гориво и искра од свеќица.

Деактивација на цилиндри во американските огромни в6/в8 има одамна. Во малите турбинирани бензинци е релативно нова технологија. Плус овој е со Милеров циклус, кадешто и турбо компресорот има удел во самата компресија, плус ги пере усисните вентили од залепен нагор и јаглеродни депозити. Ептен нов мотор, како ќе се покаже, ќе видиме.
Така е.
Моментот е 2:02. Клипот си оди нагоре надоле ама нема искра и гориво. Можеби од аспект на истрошеност нема да има, можеби вентилите ќе имаат помалку карбон. Ама и тоа е знак прашање мислам и само на поголема километража. Плус овие тси имаат варијабилна технологија и кај издувните вентили така да повторно не би требало никаков проблем да има. Барем до сега нема кај 1.4 тси 150.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1501
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #9 на: 04 Декември 2017, 14:48:16 pm »
[/img]
Ако имаше прикачено видеo ќе прашав:
Кога ќе биде следната емисија :))

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #10 на: 04 Декември 2017, 14:53:28 pm »
Наслов на текстот Голф - совршенство без маана

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #11 на: 04 Декември 2017, 14:54:41 pm »
Па да не не? ;D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #12 на: 04 Декември 2017, 15:02:04 pm »
samo edna potencijalna mana ima, ako na zadniot branik (nemozam dobro da ocenam od slikata) ima fake exhaust. Se ostanato top

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #13 на: 04 Декември 2017, 15:04:00 pm »
Маана според мене е премалиот резервоар. Уште неможам да се помирам со тоа и многу нервира. 50 литра ебате...

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Rent-a-test: VW Golf 1.5 TSI 150hp DSG
« Одговори #14 на: 04 Декември 2017, 15:06:10 pm »
samo edna potencijalna mana ima, ako na zadniot branik (nemozam dobro da ocenam od slikata) ima fake exhaust. Se ostanato top

Не се ни фејк :)
Затворени се, не се издуви.

Маана според мене е премалиот резервоар. Уште неможам да се помирам со тоа и многу нервира. 50 литра ебате...

...доволни за 1000км со едно танкање :) (ок де, пренадежно, ама...)

@zeroSignal што чекаш? Копи пејст и пуштај на портал.



 ;D ;D